17 совети за да обезбедите системот за греење да функционира

Контакт

Системите за греење се суштински дел од инсталацијата во домовите. Каков вид на систем за греење ќе одберете, се разбира зависи од расположливите енергетски услови, но и буџетските средства кои ви стојат на располагање. За да се постигне и одржи топлинска удобност во куќата (за истражувања и идеална топлинска удобности повеќе можеш да прочиташ во Со подно греење до идеална топлинска удобност)да се користат обновливи извори на енергија, препорачлива е инсталација на централно греење со топла вода.

Употребата на обновливи извори на енергија како што се соларни колектори, биомаса и топлински пумпи ги намалуваат трошоците за греење и исто така придонесуваат за зачувување на животната средина. Трошоци за греење во текот на најстудените зимски месеци се над 70% од вкупните трошоци за енергија. Ова е причина, не само кога купувате да одберете енергетски ефикасни апарати, туку и добро да се одржуваат.

Лошото одржување или занемарување на уредот кој обезбедува греење е причина број 1 за престанок на греењето!

Функционален систем за греење

Затоа подолу се дадени повеќе препораки како да обезбедите сигурност дека вашиот систем ќе функционира.

  1. Еднаш годишно пред почетокот на грејната сезона потребно е да повикате сервисер за да ја провери инсталација и пламеникот. Валканиот пламеник предизвикува недоволно согорување на горивото и ја смалува ефикасноста на целиот систем.
  2. Еднаш годишно пред почетокот на грејната сезона потребно е да повикате овластено лице за да го провери изменувачот на топлина. Топлината произведена во котелот  за да се искористи, потребно е изменувачот на топлина да се исчисти од каменец. Поголемиот слој на каменец го намалува преминот на топлина и работи помалку ефикасно. Во таков случај котелот ќе потроши поголемо количество на гориво, а просторот споро ке се загрее.
  3. Еднаш годишно потребно е овластено лице да го провери протокот во оџакот, односно да го исчисти оџакот. Доколку оџакот не е исчистен може да дојде до враќање на димните гасови во просторијата каде што е котелот, котелот да не работи со цел капацитет итн.
  4. Обезбедете непречен проток на воздух околу котелот, кој  е потребен за согорување на енергенсот во процесот на греење. Не оставајте запаливи предмети во близина на котелот.
  5. Изолирајте ги цевките со топла вода кои поминуваат низ незагреани простории. Цевката која води од котелот до резервоарот за топла вода треба да биде изолирана. Најчесто изолацијата е полиетиленска. Со изолацијата се намалуваат загубите на топлина до 80%. Најчеста димензија за греење на изолацијата е 9мм.
  6. Не ги покривајте радијаторите со завеса или мебел бидејки тоа ја намалува нивната топлина.
  7. Редовно чистете ги радијаторите како би се осигурале дека нечистотијата нема да ја намали нивната топлинска моќ.
  8. Во текот на летото во системот за греење може да навлезе воздух, кој во почетокот на грејната сезона може да го намали капацитетот на системот за греење. Па да речеме дека може половина од радијаторот да биде топол а половина ладен. Затоа е потребно редовно да се одржуваат радијаторите и целата инсталација за да се исфрли вишокот на воздух.
  9. Проверето со професионално лице дали котелот е преголем за потребите за греење на вашата куќа. Ако имате котел со поголем капацитет отколку што е потребно почесто ќе се пали и гаси со што ќе предизвика поголема потрошувачка на гориво и повисоки трошоци.
  10. Котелот на дрва мора да биде соодветно избран да одговара на големината на објектот. Се пропорачува да нема преголема резерва во капацитетот. Работната температура за сите котли на цврсто гориво препорачано е да биде над 60 C.
  11. Повикајте стручно лице за да провери дали споевите од котелот со оџакот се добро направени за да нема испуштање на димни гасови во просторијата.
  12. Доколку имате камин обавезно да ја затворите вратата кога не е во функција, за да спречите загуби на топлина низ оџакот.
  13. Складиштето на дрвата мора да биде суво бидејки во спротивно тешко ќе согоруваат дрвата.
  14. Немојте да го преполнувате ложиштето со дрва. Искористеноста ке биде подобра ако ложиштето го ложтите со помала количина на дрва.
  15. За да се обезбеди подобро согорување и ефикасност, дрвата не треба да бидат поголеми од 10-15 см. Тоа значи дека може да дојде до заглавување на дрвата ако се со поголема димензија.
  16. Ако се замени стариот котел на дрва со нов поефикасен трајножаречки котел на дрва котелот ке заштеди енергија до 50%.
  17. Ако не сте во можност да ставите систем за греење со биомаса и сончеви колектори или систем за греење кој работи на плин тогаш единствено решение е греење на електрична енергија, т.е. препораката е да вградите топлинска пумпа. Топлинската пумпа троши околу 2,5 – 4 пати помалку енергија отколку електрични греачи или печки. Топлинската пумпа воздух-воздух ја зима топлината од надворешниот воздух и со помош на компресор го загрева воздухот во просторијата. Со овој вид на греење може да се заштеди од 45 до 52% електрична енергија. Топлинска пумпа подземна вода-вода ја зима топлината од земјата т.е. од подземните води и со помош на компресор ја загрева водата која се користи во системот за греење за подно греење и топла вода. Со овој вид на греење се заштедува до 55 % од електричната енергија.

Остави коментар

*