20 проверки пред да донесете одлука за начин на греење

Греење

Со почетокот на грејната сезона започнуваат и нашите проблеми како да се загрееме а при тоа да не мора да потрошиме цело богатсво. Често не се само финансиите проблем, туку и просторните можности, не ретко корисникот нема просторни можности за поставување на котелот, радијаторите, цевките итн.

Огревни дрваЗа да излеземе во пресрет на крајниот корисник ги наведуваме најбитните прашања на кои би требало да се обврне внимание за полесно  а воедно и добро испланирано, да се одлучите за вашиот избор на начин за греење.

Најчесто за помали квадратури како станови се избира котел на струја поради помала потрошувачка, додека за поголеми објекти како куќи се користат котли на цврсто гориво. Греењето на цврсто гориво е најекономично. Котлите на нафта во денешно време најмалку се користат поради цената на нафтата.

  1. Дали имаш простор за вградување на опремата? Просторот е важен фактор при одлучување за начинот на греење кој ќе го изберете бидејќи ограничен простор може да значи и ограничена можност за сместување на опремата. Пред да донесеш конечна одлука разгледај ги опремите во склоп на секоја алтернатива, провери ги димензиите и спореди со можностите на твојот простор.
  2. Дали имаш соодветни услови? Потребно е да се има оџак со соодветен светол отвор и височина при греење со тврдо гориво, додека при греење со котел на струја потребен ни е константен напон за правилно работење на котелот.
  3. Mоментални цени на огревните продукти со тенденција за нивно намалување односно зголемување. Кога се одлучуваме за начинот на греење, тоа не го правиме само за една година, туку за подолг период бидејќи монтажата и опремата што е потребна за греење е голема инвестиција за едно домаќинство. Затоа треба да се земат во предвид и цените кои се моментално на пазарот и нивната тенденција за зголемување и опаѓање. Цените на нафтата и на плинот се во постојана тенденција на зголемување затоа треба добро да се размисли пред да се одлучите да се загревата на овие енергенси.
  4. Ваша желба дали сакате да ложите дрва или само да подесувате преку термостат?  Некогаш не се само финансиите проблем туку и удобностите што ги нуди начинот на греење, одземање на дел од вашето време, вложен напор… Размислете добро што сакате пред да донесете одлука.
  5. Колку време поминувате дома односно колку време ќе греете во денот? Ако вашето време поминато во домот е минимално, тогаш немате потреба од големи вложување во системот за греење, бидејќи секоја грееалка би била доволна завашите потреби.
  6. Дали живеете во куќа или стан? Изборот зависи од квадратурта на објектот и условите кои што ги има куќата односно станот. Станот се загрева побрзо за разлика од куќата бидејќи во зависност од положбата не ретко се случува да се загреба и од страните на комшиите и под него и над него. Но доколку се одлучите да се греете на дрва во станот, транспортот на огревниот материјал би можело да ви претставува секојдневен проблем.
  7. Големина на инвестицијата. Целокупната монтажа и опрема за греење да не претставува преголемо оптоварување за домашниот буџет или барем треба да биде прилагодено кон вашите можности.
  8. Гаранција на опремата. Колку е поголема гаранцијата по автоматизам толку е и поквалитетна опремата.
  9. Дали опремата е од реномирани производители? Последнава денеција сме преплавени со ефтина опрема од истокот. Но, не ретко се случува системот за греење воопшто да не проработи, а со тоа губиме пари и време, затоа треба особено внимание да се обрне на ова прашање.
  10. Референтна листа на опремата. Побарајте од продавачот или пак изведувачот од кого ја земате опремата листа на објекти каде таквата опрема е вградена. Поголема листа, значи и поголема веројатност дека опремата е добра и за вашиот објект.
  11. Потрошувачка на системот? Ситемот за греење може да ги задоволува максимално нашите услови за топлина но заедно со тоа може и максимално да ги троши нашите финансиски средства. Особено внимание треба да се обрне на потрошувачката на системот, за да не се случи да ни биде потребно првин да седнеме пред да ја отвараме сметката за греење.
  12. Дали е потребно одржување? Некои системи за греење бараат додатна грижа односно бараат одржување и чистење што претставува додаден товар особено за оние луѓе кои што располагаат со многу малку слободно време.
  13. Изолација на објектот. Често пати кога ќе отидете во продавница за грејнии тела кажувате колку ви е голем просторот и со колку моќно тело би можеле да го загреете тоа. Пресметката мнугупати не излегува како точна, бидејќи не се зема во предвид изолацијата на објеклтот која во зависност дали ја има или ја нема, како и тоа колкава заштита овозможува, грејното тело треба да биде помоќно или послабо.
  14. Начин на плаќање. Понекогаш начинот на плаќање е клучно и и врз основа на тоа одлучуваме со кој енергенс ќе се грееме и од каде ќе ја купиме опремата. Сметката за системот за греење многупати ги надминува нашите очекувања и затоа би било добро кога би можело да ја распоредиме на неколку месеци.
  15. Повраток на инвестиција на опремата. Колкав е повратокот на инвестицијата во опремата е важно прашање кога носите одлука за избор на опрема за греење. Најновите системи за греење се сведуваат на што помалку испуштање на CO2 во атмосверата, и се сведуваат на обновливи извори на енергија со  повраток на инвестицијата. Доколку располагате со услови за ваков тип на греење препорачуваме да се обидете, бидејќи инвестицијата секако дека ќе ви се поврати, а доколку не ги задоволува вашите потреби за топлина, постои можност да се комбинираат и со други извори на енергија.
  16. Естетика. Секој систем загреење си има свои маани и предности но изгледот на грејното тело некогаш е пресуден. Замислете една просторија убаво уредена со некој стар шпорет на дрва, и истата просторија само без шпоретот туку со подно греење и топлина да доаѓа од долу. Која би ви се допаднала повеќе? Без разлика што и двете би ги задоволиле потребите за топлина.
  17. Акустика. Додека сме дома и уживаме во топлиот домашен  мир,  не би сакале тој мир да ни биде нарушен особено не од звуците кои што би можеле да бидат испуштани од системот за греење.
  18. Дали има скриени маани? Брзо се расипува, губи премногу топлина, зафаќа премногу простор итн. Пред конечната одлука малку истражувајте. Многу опреми имаат скриени маани кои подоцна скапо може да чинат.
  19. Климата во регионот во кој живеете? Доколку живеете во јужните делови зимите се далеку по умерени отколку во северните или пак планинските региони, затоа немојте да се изложувате на прекумерни трошоци на греењето од она колку е потребно. Ако треба најмете експерт кој ќе ги изведе пресметките и ќе ви даде препорака за најоптимално решение.
  20. Во зависност од видот на греење каков е изборот на инсталатери? Честопати се случува и најреномираната фирма и најквалитетните производи да не ги задоволуваат вашите потреби за топлина. Но, секогаш тоа не е до опремата туку до самите инсталатери, кои не си ја завршиле добро својата работа, односно системот го поврзале неквалитетно што резултира со намалена излезна топлина од грејните тела.

При одлучувањето за избророт на систем за греење ова се главните прашања кои што би требало да си ги поставите самите на себе пред да се одлучите за било кој од нив.  Без разлика за каков систем на греење ќе се одлучите ние ве советуваме да ги избегнувате енергенсите кои што имаат тенденции на поскапување бидејќи ако се запази тековната стапка на покачување на нафтата за три до четири години, грејната сезона би можело да ве чини за неколку пати повеќе отколку сега. За разлика од нив еколошките извори на енергија се бесплатни, а инвестицијата во зависност за што се работи, ќе се поврати за краток временски период.

Сепак, изборот е ваш.

Потребно е да се изанализираат претходните предлози за конечниот избор на греење.

Остави коментар

*