7 Совети за да ги намалиш трошоците за греење со помош на топлинска изолација

Услуги

Ако сакате да се намалат трошоците за греење, кои може да чинат и до 75% од месечните трошоци кога станува збор за енергија (електрична енергија, дрва, нафта, гас…) , потребно е да се постави или зголеми дебелината на изолацијата и да се заменат прозорците. Ова посебно се однесува на семејниот дом без фасада, или на оние објекти без термичка изолација.

Giacomini куќа

Топлинската излолација не само што ги намалува загубите на топлина во зимскиот период, туку не дозволува ниту во летниот период да се загрее вашиот дом. Значи ние можеме да избегнеме инсталација на клима уред или пак доколку се инсталира, нивниот капацитет и потрошувачка на енергија  да биде помала отколку за неизолирана куќа. Како изолациони материјали најчесто се користат камена и стаклена волна или полистирен (стиропор).

Доколку сакате старата куќа да ја реновирате потребно е прво да ја изолирате врз основа на советите кои следуваат подолу и потоа да инсталирате греење и ладење кое ќе биде со помал капацитет отколку што би било потребно пред да се изолира куќата.

Со поставување на изолацијата на надворешниот ѕид, ке ги решите и проблемите со појавата на кондензација (од готвење, туширање, сушење алишта), која се јавува како резултат на ниската температура на ѕидот и формирање на мувла. Поради повисоката температура на ѕидот, просторијата ќе биде доволно затоплена за да се обезбеди соодветна удобност на престој во истата. Топлинската изолација исто така го штити објектот од надворешните влијанија како што се (влага, замрзнување, загревање) и го продолжува векот на трање на самиот објект.

Да сублимираме само накратко. Добрата изолација овозможува:

  • Енергетска ефикасност при греење и ладење. Заштедувате потрошувачка на вашите капацитети за ладење и греење.
  • Се продолжува векот на траење на објектот. Намалување на кондензацијата на ѕидовите и заштита од надворешните влијанија само ќе го продолжат векот на траење на вашиот објект.

7 Совети во однос на топлинската изолација на вашиот објект

1.Топлинска изолација на цел објект

За неизолирана куќа   препорачано е ѕидовите да се изолираат со 10 см изолација, кровот да се изолира со 20 см изолација додека подрумот или незагреаните делови да се изолираат со 8 см изолација. На ваков начин се заштедува до 70% од енергијата која е потребна за греење.

2.Изолација на надворешниот ѕид

Изолацијата на надворешниот ѕид на неизолирана куќа би требало да изнесува 10 см. Со ваква  изолација годишно можете да заштедите и над 30% од енергијата за греење.

3.Изолација на покривот

Иако загубата на топлина преку покривот претставува само 10-20% од вкупните топлински загуби во куќата, покривот има особено важна улога во квалитетот и стандардот на живеење. Се препорачува дебелина на изолација на кос покрив да биде од 15-20 сантиметри  и на таков начин може да се заштеди и до 40% од енергијата за греење.

4.Изолација на подот кон незагреан подрум

Подрумскиот простор е простор кој најчесто не го загреваме. Топлинските загуби преку подот се до 10 % од вкупните загуби на топлина во домовите. Добрата изолацијата на подот може да заштеди и до 5% од енергијата за греење.

5.Користете изолациона лента за прозорци и врати

Дали чувствувате дека преку прозорците и вратите дува воздух? Доколку чувствувате струење на воздух тогаш тие се една од главните и најчести причини за губењето на топлина во вашиот дом или објект. Доколку не сте во можност да купите нови прозорци доволно е на старите да им ставите изолациона лента со што ќе ги намалите загубите на топлина.

6. Затнете ги сите шуплини

Проверете дали помеѓу прозорецот и ѕидот или на било кое место во вашата куќа или дом има некакви шуплини преку кој влегува воздух и  се губи топлина од куќата во зимски период и ладниот воздух во летен период. Ваквите шуплини затворете ги со соодветен материјал. Кога станува збор за материјалот за затворање на ваквите шуплини најчесто се користипурпената.

Проверете ги ролетните и особено кутијата на ролетните бидејќи постои можност на местата каде што се наоѓаат тие кутии да постојат шуплини кои доведуваат до загуби на топлина. Добро излоријате ги и таквите шуплини.

 7.Замена на прозори

Енергетски ефикасните прозорци ќе бидат во прилог на намалување на трошоците за греење и ќе придонесат за зголемување на удобноста во просторијата. Новите прозорци имаат 2-3 пати помали топлински загуби од старите прозори.

Кога донесувате одлука за купување на прозорци барајте ги следниве карактеристики:

  • Да имаат што повеќе комори исполнети помеѓу себе со воздух и просторот помеѓу нив да изнесува најмалку 16мм.
  • Наместо воздухот како изолатор, просторот помеѓу коморите може да биде исполнет и со инертен Аргон гас со што се зголемува ефикасноста на прозорецот.
  • Стаклото кое учествува со најголема површина од вкупната површина на целиот прозор, да биде од квалитетен  термопан
  • Рамката или профилот да е од ПВЦ, но со зајакнат челик, алуминиум, дрво или комбинација на дрво-алуминиум.

И на крај да повториме , изолацијата влијае директно на потрошувачката на енергијата. Што подобра изолација на објектот толку поголема заштеда односно енергетска ефикасност.

Остави коментар

*