Алуминиумски радијатори Kaldo

Kaldo алуминиумски радијаториВеќе пишувавме за дилемата при изборот на радијатори: Дали да биде алуминиумски радијатор или да биде панелен радијатор?

Производството на алуминиумски радијатори е широко распространето поради неговата лесна обработливост и каректеристиките што ги поседува. Тој може да се загрева во исто време со концвенционален бојлер и со бојлер на сончева енергија.

Алуминиумот како материјал е многу добар за изработка на радијатори бидејќи неговата карактеристика на спроводник на топлина е за 40% помала од бакарот но 4 пати поголема од железото па заради тоа е идеален за оваа индустрија.

Во прoцесот на производство на Kaldo радијаторите се користи алуминиумска легура, која има гарантиран квалитет и е во согласност со важечките норми при што поседува висока топлинска спроводливост, висока механичка отпорност како и отпорност на корозија.

Карактеристики на една батерија(ребро) со димензии 80×600 mm

  • Максимален работен притисок 6 bar
  • Максимална работна температура 90°C
  • Извршено испитување 9 bar
  • Тежина – 1.660 kg
  • Капацитет на вода – 0.52 l
  • DT = 60 – 180 watt

Инсталација и одржување

Во врска со инсталацијата и одржувањето, и со цел да се постигнат најдобрите перформанси на радијаторите се препорачува следната постапка за монтажа а тоа е да се постигне минимално растојание на радијаторот од ѕидот 3 cm и минимална висина од подот 12 cm. Секој радијатор треба да биде опремен со славиница за воздух по можност автоматска. Кога станува збор за одржувањето радијаторите не треба да се чистат со абразивни средства. Идеално затворање на елементите може да се постигне само преку оргиналните дихтунзи.

Придобивките од користењето на алуминиумскиот радиатор се тоа што може за многу кратко време да ја достигне посакуваната температура, а и по исклучувањето на системот за греење остануваат уште долго време топли бидејќи водата во нив споро се лади. А воедно со нивниот беспрекорен дизајн тие без проблем би се вклопиле во вашиот домашен амбиент и би допринеле за дополнително разубавување.

Можете да ја погледнете и презентацијата во која се дадени некои основни карактеристики на Kaldo алуминиумски радијатори.

Comments

  1. заинтересиран says:

    Почитувани,
    ме интересира освен радијаторот кои останати елементи доаѓаат со него? Од едната страна се става механичка славина за воздух поврзана со редуцир дали е тоа точно? А ако е славината горе, тогаш на систата страна долу како се затвора отворот?
    Дали за нивно монтирање на ѕид е потребно и држачи и конозли да се купуваат или не?
    Ви благодарам однапред, поздрав

    • Почитувани,

      На радијаторите се поставуваат два вентили, една славиница за воздух и една штопна. Инаку држачи некои радијатори имаат самите на нив додека за други морате да си купите.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*