
Бидејќи полека се приближуваме до стартот на грејната сезона, на наша адреса пристигнуваат многубројни прашања како да се решат определени проблеми, кои изминатата сезона претставувале некаков проблем. Многу поставувано прашање е дали има решение доколку системот повремено губи притисок и вода. Денеска ќе го промовираме решението на тој вид проблем, односно ќе зборуваме за автоматски вентил за полнење на системот.
Во затворен систем, неопходно е да се инсталира вентил кој ќе го регулира притисокот, кој во исто време ќе биде поврзан и со системот за греење и ќе овозможи автоматско полнење со вода. Особено важно е вентилот да се постави во првата фаза при стартување на системот. Во овој случај оставајќи го вентилот отворен, тој ќе го снабдува системот малку по малку со вода, се додека целиот воздух не се исфрли. Воздухот од системот се исфрла преку автоматскиот воздушен вентил кој би требало да биде инсталиран во горните делови од системот. Кога системот работи, вентилот потребно е да биде затворен. Манометарот инсталиран на едната конекција која се наоѓа на вентилот, ќе регистрира евентуални губитоци на притисок во системот. Со тоа се овозможува брзо лоцирање на можни истекувања, а притоа вентилот автоматски ќе го надополни количеството вода кое е изгубено. Инаку автоматскиот вентил за полнење работи до 10 bar притисок и може да се користи за топла или ладна вода.
Кога во системот се инсталира било каков вентил за регулација на притисок, препорачливо е да нема никаков проток во системот. Ова е потребно да се направи, за да може да се воспостави правилна хидродинамика на притисокот во системот.
Инаку на вентилот се наоѓаат две странични женски конекции од по 1/2″ преку кои вентилот се поврзува со системот. Од едната страна вентилот ја прима водата , а од другата страна ја впушта во системот доколку има потреба. Спротивно од двете главни конекции, се наоѓаат уште две од по 3/8“. На едната конекција се поставува манометарот, а другата е затворена со специјална капа. На долниот дел од вентилот се наоѓа филтер за нечистотии, кој при полнење на системот ги спречува нечистотиите да влезат во системот и потоа да го запушат.
R 150 автоматскиот вентил за полнење од програмата на Giacomini има широк спектар за користење и со негова примена, се спречуваат евентуалните проблеми кои можат да настанат доколку системот од некоја причина се испразни. Доколку системот се испразни во текот на грејната сезона ние ќе се смрзнуваме, а пумпата бидејќи ќе работи на празно ќе се расипе.
Ова е само еден од многуте вентили од програмата на Giacomini, кои доколку ги инсталираме во системот можеме да имаме многу придобивки. Бидејќи грејната сезона полека ни се приближува, ние ќе продолжиме да ве запознаваме со корисни работи кои би можеле да ви бидат од голема помош. Доколку Вие имате некое дополнително прашање слободно пишете.
Leave a Reply