Бунарски потопни пумпи Wilo

Wilo bunarski pumpiПотребата за вода е од незамислива природа за човекот, кој како и секое друго живо суштество на Нашата планета има огромна потреба од чиста и питка вода. Како резултат на тоа секој човек сака да има обезбедено вода за пиење, бањање и наводнување, дури и во најнепристапните делови на земјата каде се одлучил да живее или одмара.

Најдобар начин за добивање на чиста вода, сите ние знаеме дека е со копање на бунари длабоко под површината на земјата, нормално во делови каде нема градски водовод. За оваа цел вистинското решение е во бушотините со вода, да се постават бунарски потопни пумпи, кои ќе можат да ни ја пренесат чистата вода на површината, од каде ќе можеме нормално да ја конзумираме и употребуваме за нашите потреби.

Wilo 1Како едно од најдобрите решенија кои можеме да Ви ги понудиме се бунарските потопни пумпи на Вило, кои се со одличен квалитет за пумпање на вода без долговлакнести и абразивни состојки. Направени се од материјали отпорни на корозија, со вграден неповратен вентил и 1- или 3- фазен потопен мотор. Карактеристично за пумпата е тоа што таа мора да биде потопена во вода, но при тоа не смее да удира на дното од бунарот. Предност на оваа бунарска потопна пумпа е тоа што има помала потрошувачка на енергија благодарение на пловечките работни кола, како и можноста за вертикална и хоризонтална инсталација.

Доколку се одлучите за користење на Германскиот бренд на бунарските потопни пумпи Вило, сигурно нема да погрешите во Вашиот избор. Вило пумпите се со извонредни перформанси, нудат квалитет и гаранција потврдени од нивната долгогодишна работа и искуство.

Comments

  1. Имам вода на 20 м но имам и проблем затоа што потопната пумпа постојано се полни со песок и се затнува ,веројатно имам многу одрони имата ли потоп пумпа што ке вади вода и со песок колку пола зрно ориз а да не се затнува и која цена се поз.

    • Почитувани,

      Таков тип на потопна пумпа немаме, а како евентуално решение можете да поставите на самиот влез од пумпата ситно сито кое ќе го спречува влезот на песок во отворот на пумпата.

      Со Почит,
      Термо Систем

      • zdr…..mi treba ako imate elektromotor od 0.55 do 0.75 kw….bidejki stariot mi e probien…..na 4 inci ne e vazno lowara li e pedrolla li e ili nekoja pokvalitetna marka…..ve molam ako imate i cenata koja ke bide…..pozzzzzz

        • Почитувани,
          Се извинуваме, но ние го немаме тој производ што го барате.

          Со почит,
          Термо систем

Остави коментар

*