Бунарски пумпи од Wilo

Поради зголемената потрошувачка на вода во летните денови многу често доаѓа до недостаток на тој исклучително важен ресурс. Од тоа најмногу се погодени земјоделците и тие многу често се решаваат со копање на бунари и поставување на бунарски потопни пумпи. Во денешниот пост ќе зборуваме за бунарските пумпи на WILO поточно за Wilo- Sub TWU 4 и Wilo TWU 3.

Ние се одлучивме за овие два типа на пумпи, бидеќи тие со своите карактеристики најмногу одговараат на просечната потреба на лугето во Македонија.

twu 4Wilo – Sub TWO 4 одговара за бунари со дијаметар од 100мм до 200мм. Доколку дијаметарот не е во тие димензии, пумпата може да не рабoти правилно и со самото тоа да не ги задоволува нашите потреби. За таа да работи правилно, потребни се и други дополнителни елементи кои се задолжителни како табла за притисок и контрола на водата, експазионен сад и електричен кабел. Таблата за притисок и контрола е многу битен елемент , бидеќи на неа се врзуваат две електроди кои го мерат количеството на вода во бунарот за да не дојде до пресушување на бунарот и пумпата да работи на суво. За инсталации во куќа оваа табла е задолжителна, бидејќи каква корист ќе имаме од самата пумпа ако немаме доволно вода на вториот спрат од куќата. Доколку се работи за наводнување, таблата може да се замени со поефтина варијанта. Експанзиониот сад е исто така битен, бидеќи тој ќе ни го даде потребниот притисок на водата. Доколку се одлучите за овој тип на пумпа, а до сега сте користеле друга пумпа со слични карактеристики, разликите ќе ги почуствувате уште во првиот ден од нејзиното користење.

wilo twu 3Поголемиот ден од бунарските пумпи имаат потреба од дополнително поставување на заштити, автоматики за да се има беспрекорно работење. Од Wilo ни доаѓа паметната пумпа Wilo TWU 3 која има вградено неповратен вентил и конвектор. Таа е погодна за траспорт на вода од бунари или резервоари во кои има максимална содржина на песок од 50 грама на метар кубен. Фрекфентниот регулатор обазбедува константен притисок со автоматска регулација на брзината. Пумпата може да се користи само потопна со вграден регулатор за вертикална линија, а доколку сакаме да ја користиме и за хоризонтална положба,  мора да се постави и цевка за ладење. Со оваа пумпа заштедуваме доста електрична енергија и одржуваме константен притисок на вода во системот.

Нашата земја изобилува со подземна вода која е доста поквалитетна од водата добиена од централниот водовод, а и што е многу битно таа е бесплатна. Ние само треба да стигнеме до неа и со мала помош на бунарските пумпи да WILO да ја донесеме да нашите домови.

Остави коментар

*