
Оној дел од домаќинството за кој можеби сме најмногу засегнати е обезбедувањето на топла вода. Daikin Altherma е уред кој за ова прашање, го нуди најефикасното и еколошки најприфатливото решение за вас. Овој сплит систем за ниски температури е составен од една внатрешна и една надворешна единица, и првенствено го загрева внатрешниот дел од резервоарот со термалната енергија од воздухот надвор, со помош на поврзаноста со внатрешната единица. Надворешната едница е компактна, која лесно се монтира и примарно ја црпи топлината од воздухот со кој е опкружена, го загрева истиот до ниво кое е потребно. Постигнатата температура преку цевки се пренесува до внатрешната единица, која може да биде поставена парапетно или на зид.
Карактеристиките на НАДВОРЕШНАТА ЕДИНИЦА се:
– компактност и отпорност на климатски услови (антикорозивен третман, отпорност на дожд и корозија)
– едноставност во монтирањето (не бара бушење и копање)
– содржи инвертерски контролиран компресор, кој овозможува енергетска ефикасност и прецизна терморегулација
– голем работен опсег на топлотната пумпа (греење и топла вода до темп. од -25 степени).
Благодарение на инвертерскиот принцип, коефициентот на учинок COP на Daikin Altherma е многу висок, што се објаснува со тоа дека системот ретко функционира под полна пареа, а клиентот ја плаќа само онаа енергија која реално му е потребна.
Компaктната парапетна единица , топлотна пумпа ги содржи следниве елементи: експанзионен резервоар (сад), командна табла, цевка за гас, цевка за течност, циркулациона група и резервен греач.
Овие резервоари ги задоволуваат сите потреби на клиентите, за топла вода и за соларна енергија.
ВНАТРЕШНАТА ЕДИНИЦА и РЕЗЕРВОАРОТ може да бидат поставени една врз друга (доколку имате лимитирачки простор) или пак една до друга ( доколку сте ограничени со висината).
Карактеристики на РЕЗЕРВОАРОТ:
– материјалот од кој е направен резервоарот е нерѓосувачки и го има и во емајлирана форма
– има квалитетна изолација која не дозволува голем губиток на енергија (дебелина на изолационен материјал од 40мм и 50мм)
– има капацитет од 200-260 литри и 150-200-300 литри, на одредени интервали може да ја загрева водата до 60 степени, а крева температура од 10 до 50 степени за само 6омин.
– Содржи 2 греачи, еден изменувач на топлотна енергија во долниот дел каде циркулира топла вода и додатен изменувач од 3kw на горниот дел.
– Термисторот кој се наоѓа во резервоарот, контролира 3 вентили и/или помошен греач преку внатрешната единица.
СОБНИОТ ТЕРМОСТАТ го има во два типа: жичен и безжичен, со режим на греење и ладење. Постои можност за програмирање на температурата во просториите во кои престојувате. На местата каде нема никој или пак преку ноќ, постојат однапред програмирани вредности од 17 и 28 степени кои корисникот може да ги менува. Во програматорот (делот каде се одредуваат и внесуваат саканите вредноси) има опција за 12 однапред поставени вредности. Исто така термостатот дозволува и блокирање на тастатурата.
СОЛАРНИОТ ПРИКЛУЧОК ЗА ПАРАПЕТНИОТ УРЕД jа пренесува топлината до резервоарот за топла вода во домаќинството и секако со овој тип затоплување се штеди енергија.
Единствено вие може да го одберете уредот кој ќе ги задоволи потребите во вашиот дом.
Leave a Reply