Дали го одбравте вашиот соларен сет?

Пред нас е период на топли и сончеви денови и постојат безброј причини зошто да му се радуваме на сонцето и неговите сончеви зраци. Веројатно една многу важна причина е што покрај неговата улога во еден убав поминат ден во природа, неговите сончеви зраци може да ги искористиме и во извршувањето на нашите секојдневни обврски.

Доколку до сега не сте размслувале за поставување на соларни панели и искористување на бесплатните сончеви зраци, доколку пак не може да се одлучите во изборт на типот на колекторите, ние во продолжение ве потсетуваме на сите потребни информации и податоци кои треба да ги знаете кога одбирате соларен сет:96511477

1. Соларните колектори се дизајнирани да ја претвараат енергијата од сончевата светлина, во топла вода која може да ја користиме за секојдневните обврски во нашите домови.
2. Типовите на сончеви колектори кои ги поставуваме во соларниот сет, може да бидат рамни (плочести) колектори и вакуумски колектори со 10 и 15 цевки.
3. Значајно е да се нагласи дека и едните и другите колектори ефикасно си ја вршат својата работа, тие претставуваат ефтин и ефикасен начин за паметно искористување на бесплатните сончеви зраци.
4. Разликата помеѓу овие два вида на колектори е во поголемата ефикасност на вакуумските колектори за оние периоди од годината, кои немаат големо изобилие на сончеви зраци. Објаснувањето за нивната 30% поголема ефикасност е во различниот агол под кој се апсорбираат сончевите зраци во текот на денот.
5. Како опрема, соларните колектори можат да бидат вметнати во рангот на мали и поедноставни инсталации за добивање на топла вода, како и во комплексни единици за произведување на елекрична енергија во фабриките.
6. Соларните колектори се поставуваат на кровот, под соодветен агол кој најефикасно би ги апсорбирал сонлевите зраци
7. Откако колекторите коректно ќе се постават на кровната површина, нема никакви тешкотии во нивното одржување и не бараат дополнитело вложување на труд и губење на време.
8. Доколку сакате може да одберете термосифонски колектор кој има бојлер поставен на самата кровна површина или пак соларен сет со рамен и ваккумски колкетори и бојлер поставен внатре во домот.
9. Соларните колектори се одлично решение за глобалното затоплување, без разлика дали се користат индивидуално или пак во склоп на цел систем кој користи обновлива енергија.
10. Со инвестирањето во соларните колектори, со користење на сонцето како обновлив извор на енергија се инвестира во почиста животна средина

Доколку размислувате за оваа инвестиција која сигурно ќе ја зголеми удобноста и квалитетот на вашиот живот, Ви нудиме соларни сетови кои ги содржат сите потребни елементи за соларниот сет да функционира и ефикасно да ја користи соларната енергија. Секој поединечен соларен сет содржи соларен колектор (рамен или вакуумски), емајлиран бојлер со два изменувачи и останати елементи од реномирани светски производители со одличен квалитет.

Остави коментар

*