Во последните неколку постови многу зборувавме за периодот кој претстои, односно за грејната сезона а особено внимание посветивме на котлите за тврдо гориво. Тоа е бидејќи во нашата земја во домаќинствата како огревен материјал најмногу се користи дрвото. Главната причина поради која дрвото е најзастапен енергенс за загревање на нашио дом, е поради куповната моќ на граѓаните, односно дрвото е најефтин начин на загревање на нашиот дом во зимските денови.
Но секаде можеби и немаме услови да се грееме на дрва. Обично ако живееме во зграда, качувањето на дрва од подрум до станот претставува голем проблем на многу луѓе. Некои луѓе пак едноставно не сакаат да се загреваат со дрвото, бидејќи не сакаат да обрнуваат додатно вниманиe на системот за греење како што е чистење на котелот и исфрлување на пепелот.
За луѓето кои не сакаaт да имaат дополнителна обврска околу системот за греење, ние денеска ќе предложиме идеално решение за кое што нема да се потроши цело богатство, а во вашиот дом ќе внесете сигурен комфорт. Станува збор за електрични греалки (панелки), од програмата на BOSCH. За произведувачот сигурно веќе имате слушнато бидејќи станува збор за многу реномиран бренд кој во светот на грејните тела претставува синоним за квалитет.
Електричните греалки (панелки) на нашите простори се присутни веќе подолг период и се познати по својот изглед и на кој начин функционираат. BOSCH електричните греалки се со природна циркулација на воздухот и со својот беспрекорен изглед без проблем се вклопуваат во естетската слика на вашиот дом. Тие функционира на 220V, и за нив не е потребна трофазна струја. Се монтираат на ѕид и со тоа не завземаат додатен простор од домот. Со својата работа тие воопшто нема да пречат. При работата тие се безшумни затоа што во нив нема вентилатор кој при функционирањето на греалката би испуштале најразлични звуци. Тие функционираат на тој начин што од долната страна го примаат ладниот воздух и преку специјални канали низ нив го загреваат, а потоа топлиот воздух од горната страна го изпуштаат во просторијата.
На гралката има термостат преку кој се поставува саканата температура. Значи греалката ја вклучуваме преку ON/OFF прекинувачот, на термостатот ја подесуваме саканата температура и кога греалката ќе ја постигне саканата температура понатаму само ја одржува. Греалката поседува и сигурносен термостат, кој во случај на прегревање на греалката, ја исклучува и ја вклучува пак кога температурата ќе се намали.
Според потребите и според квадратурата за која се наменети, греалките се разликуваат по својата моќност, и тоа од 500V до 2,5KW. Со својата функција за заштита од замрзнување BOSCH греалките се раликувааат од сите останати на пазарот и со својот квалитет се на врвот на листата. Така да доколку имате потреба од панелна греалка, BOSCH би бил идеален избор за вашите потреби.
magdalena says
a kolku pari se tie grealki pocnuvajki cenata od 500W do 2,5KW ????
Dario says
Почитувани,
Со цените на греалките Bosch, можете да се запознаете преку следниов линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/greenje/konvektori-na-struja-bosch/.
Со Почит,
Термо Систем