Енергетска ефикасност во системите за загревање вода

ALTH MONOBLOC_tcm219-123377Бидеки загревањето на водата за санитарни потреби е најголем потрошувач на енергија после греењето, добро е да се разгледаат загревачите на вода и нивната ефикасност. Топлата вода во домаќиствата главно се користи за санитарни потреби ( машини за перење алишта, миење садови, тушеви) и за греење. За комерцијална употреба најмногу се користат во хотели, болници, домови за стари лица и слични установи.

Видови на загревачи на вода
1. Конвенционални загревачи или бојлери
Загреваат големи количини на вода внатре во еден изолиран резервоар со помош на електрична енергија или со согорување на природен гас, масло за греење. Тие имаат вградено во нив термостат кој автоматски го исклучува грејачот кога ќе ја постигне посакуваната тепература.

2. Комбинирани единици
Тоа се котли кои загреваат вода со голем капацитет за санитарна потреба и за греење. Тие како извор за загревање користат лесно масло за греење или природен гас, но во последно време новите котли се направени да можат да се користат и на биомаса. Во последно време најмногу се користат пелетите како гориво. Котлите на пелети се целосно автоматизирани и опремени со специјални бункери за пелети за неколку дневна работа на котелот. Трошоците за пелети се два пати пониски во однос на лесното масло за греење.

3. Сончеви загревачи
Тие ја користат енергијата добиена од сонцето за да ја загреат водата пред да се внесе во конвенционалниот бојлер. Сончевите загревачи на вода најчесто се користат за домашна употреба, додека топлинските пумпи се повеќе за комерцијална или индустриска примена каде што треба поголема количина на вода да се загрева. Во зависност од распоредот на опремата, сончевите загревачи можат да се поделат на:
• директни ( отворени, протечни )
• индиректни ( затворени, кружни )

Во зависност од начинот на циркулирање можат да бидат:

• Со природна циркулација ( без пумпа- термосифонски или пасивни )
• Со принудна циркулација ( со пумпа – активни )

Индирекните постројки кај кои постои опасност од замрзнување на водата , можат да бидат со:

• антифриз како средство за трансфер на енергија
• испуштање на водата од сончевите колектори.

images
Топлинска пумпа за загревање на вода за санитарна потреби и греење
Загревањето на водата со помош на топлинската пумпа може да ја намали цената за потрошена електрична енергија за повеќе од половина. Топлинската пумпа ја одзема топлината од воздухот или од земјата и ја пренесува во резерварот со вода. Постојат два вида на топлински пумпи: Воздушна и Геотермални.

Воздушните може да бидат воздух-воздух ( загреваат воздух кој се внесува во просторијата што се загрева) и воздух-вода ( загреваат вода за санитарни потреби, централно подно греење, радијатори )

Геотермалните топлински пумпи може да бидат од отворен и затворен вид во однос на одземањето на топлината од земјата.

Дистрибутивниот систем кај топлинските пумпи најчесто се изработува со пластични цевки. Тие се практични за централно подно греење бидеќи им е потребна температура помеѓу 30°C и 40°C. Инвестицијата и монтажата за топлинска пумпа се повисоки во однос на системите на електрична енергија или природен гас но таа се враќа во период од 3 до 6 години.

Остави коментар

*