И самите сме сведоци за пеколните горештини кои ја зафатија нашата земја изминатиов период. Се предвидува дека температурите во иднина нема да се намалат, туку до крајот на летото ќе не зафатат уште неколку африкански бранови со уште повисоки температури. Во вакви пеколни услуви речиси е невозможно да се функционира без клима уред. Ние изминатиов период нашето внимание го насочивме токму кон климатизерите и пишувавме речиси за се што е поврзано со нив, но не пишувавме за гасот(фреонот), кој е заслужен за разладување на воздухот.
Инаку општо познато е дека озонската обвивка најмногу се оштетува од неквалитетниот фреон кој се наоѓа во фрижидерите и климатизерите. Токму поради тоа, скоро сите држави во светот имаат потпишано договор за намалување на испуштање на гасовите кои предизвикуваат зголемување на озонските дупки. Но во реализациаја на тој договор, светската организација не е баш најуспешна и за да не живееме во пустина за неколку децении, мора да се оди на план Б. Многу поефикасно и полесно е целиот неквалитетен фреон да се замени со некој квалитетен, кој не би имал толку негативни влијанија на озонската обвивка. Таков фреон постои веќе подолг период и сега ќе зборуваме токму за него и воопшто за фреонот.
”Фреон” е термин за повеќе видови на гасови кои главно се користат за ладење во климатизацијата. Фреонот е нерастворлив во вода, и навлегуваат високо во стратосферата, бидејќи тој е интерен во хемиски реакции. Тој е поделен според хемискиот состав, еколошкиот фактор и од типот на уредот за кој се користи, па токму поради тоа постојат повеќе типови на фреон.
Пред повеќе од десет години се користеле фреони од типот:
– (CFCs) попознат како R-11 ; R-12 ; R-502;
– (HCFCs) попознат како R-22;
Поради своите загадувачки својства овие типови на фреони повеќе не се користат, а како нивна замена и без загадувачки својства се користи фреонот R-410A.
Фреонот R-410A спаѓа во групата на гасови (HFC) и се користи во типовите не уреди каде што се користел фреонот R-22. Фреонот R-410A има повисок капацитет на ладење од останатите фреони и работи на доста поголем притисок од останатите ( до 60 bar ), поради овој притисок не смее да се користи со цевки кои имаат тенки ѕидови. За многу подобра работа на системот потребен е добар вакуум во системот, бидејќи влагата со фреонор R-410A се поврзува повеќе отколку кај фреонот R-22. Да напоменеме дека системот може слободно да се дополнува со фреон.
Сега да не се губиме премногу во техничките податоции, туку да извлечеме еден заклучок. Фреонот R-410A е составен дел од поквалитетните клима уреди како што се Daikin климатизерите. Поради своите својства фреонот R-410A има намелено негативно дејство на озонската обвивка и има зголемен капацитет на ладење, што резултира со побрзо разладување на просторијата, што автоматски води и кон заштеда на електрична енергија.
Затоа доколку немате клима уред во вашиот дом, при купување на истиот, секогаш прашувајте кој тип на фреон е составе дел од него, за ваша заштеда, но и за поздрава животна околина.
Марио says
Дали постои компанија која рециклира фреон или го превзема стариот употребуван фреон.
поздрав
sase says
Почитуван Марио,
Ние вршиме продажба и не знаеме за таква компанија
Поздрав