Во оваа статија ќе пишуваме за поволностите кои се добиваат со поставување трокрак мешачки вентил R296 и мотор за мешачки вентили K274 од програмата на Giacomini. Овие производи се наменети за попрецизно регулирање на саканата температура на водата, која влегува и излегува од котларата.
Трокракиот мешачки вентил од програмата на Giacomini овозможува пресретнување и мешање на топлата и ладната вода, со цел да се постигне саканата температура на водата која сакаме да ја употребуваме во системите за греење или ладење. На вентилот има поставено регулатор во вид на тркало со кој се подесува саканата температура во системите. Максималната работна температура на вентилот е 110°C, а максималниот работен притисок е 10 бари.
Мешачкиот вентил R296 има опција за поставување на мотор кој автоматски ќе ја регулира саканата температура на водата во системите за греење или ладење. Регулаторното тркало од мешачкиот вентил се вади, а на негово место се поставува моторот за мешачки вентили K274 од програмата на Giacomini. Со поставувањето на моторот за мешање се добиваат два начини на регулација на топлата вода во системот благодарение на индикаторот кој е поставен на самиот мотор. Поставување на индикаторот на OFF, значи дека течноста во системот преминува на “by-pass”опција, а доколку индикаторот го поставиме на ON тоа значи дека се преминува на втората опција со која вентилот е со целосно отворен проток (погледај слика).
Многу значаен е начинот на поставување на трокракиот мешачки вентил R296 и моторот за мешачки вентил K274 од програмата на GIacomini. Овие два елемента може да се поврзат со вертикално поставување на вентилот и моторот, како и во хоризонтална положба со тоа што моторот за мешачкиот вентил треба секогаш да биде од горната страна на вентилот.
Со поставувањето на овие елементи се заштедува енергија благодарение на избалансираното спроведување на потребната температура на водата во системите за греење и ладење. Покрај ова се олеснува и самата регулација, бидејќи со поставувањето на моторот се добива автоматско подесување кое ни заштедува драгоцено време.
Deni says
me interesira na koj nacin se opredeluvaat radijatorite sprema kvadraturata,kako se presmetuvaat po tie kw za koja prostorija bi bile pogodni i istoto sakam da go znam za cevnite registri
Blagodaram
Dario says
Почитувани,
Наједноставно и најзадоволително би било да пресметувате 180 W по квадрат. Нашите алуминиумски радијатори одаваат топлина по 180 W од ребро.
Со Почит,
Термо Систем