Во последниов период многу е актуелно загревањето на домот со помош на пелети. Пелетите како огревен материјал во нашата држава, иако ретко кој ги користи сепак се користат веќе одреден период. Некои од корисниците се задоволни, но некои не се задоволни од овој тип на греење. Тие незадоволните, не се незадоволни од котлите на пелети кои се присутни на пазарот туку се незадоволни од самите пелети. Бидејќи повеќето од луѓето немаат некое големо искуство во загревање на домот со пелети, незнаат какви пелети треба да користат, односно пелетите се разликуваат по својата калорична вредност. Во некои случаи со кои се имаме запознаено, една година некој објект кој се загревал на пелети потрошил одредена количина на пелети, но другата година за истиот објект потрошени се околу 30% повеќе пелети, што нормално се има почуствувано во домашниот буџет. Од тука нормално загриженоста на корисникот од каде таква промена во порошувачката а надворешните температури биле приближно исти.
Но бидејќи сега се повеќе од луѓето прашувааат и се запознаваат со проблематиката со пелети, на пазарот се присутни многу квалитетни пелети кои се направени од дрвени струганици и кои се со голема калоричност. Исто така присутни се и голем број на котли на пелети со зголемена ефикасност. Ние денеска ќе зборуваме за котли на пелети, но подетално ќе зборуваме за горилникот на пелети односно делот од котелот кој ги вшмукува пелетите и ги внесува во котелот. Станува збор за горилник од програмата на Bosch кој на пазарот со своите карактеристики се проби за многу краток период, и ги исфрли од игра останатите од конкуренцијата.
Со денешната технологија со која располагаме сите предности се на страните на пелети. Резервоарот за пелети се полни еднаш во неколку денови, наутро се будите во топла куќа и се избегнува секојдневното палење на огинот во котларницата. Бренерот (горилникот) на Bosch во комбинација со котлите на цврсто гориво Bosch дава најголем комфорт во греењето и сето тоа е проследено со многу голема ефикасност а воедно и со многу ниска цена.
Постојат котли специјализирани само за на пелети но во овој случај ние зборуваме за пренамена на котел од цврсто гориво, во котел на пелети. Значи еден постоечки котел за да го пренамените во котел на пелети потребно е да му се смени долната врата и му се става специјална врата за пелет, потоа да се постави горилникот кој ќе биде поврзан со резервоарот за пелети. Резевоарот е полн со пелетите кои го снабдуваат горилникот кој понатаму ги уфрла во котелот каде согоруваат. Инаку со горилникот на пелети се испорачува и т.н полжав механизам кој ги транспортира палетите. Транспортерот е поврзан со горилникот, односно со неговата автоматика и ги менува брзините на движењето во согласност со програмираната сила на горилникот.
На Bosch горилникот се наоѓа интегрирана автоматика со текстуален дисплеј за програмирање на работиот режим на горилникот. Поврзувањето и програмрањето може да го извршат само овластени сервисери бидејќи тоа е малку покомплексен процес. Исто така горилникот може да се поврзе со собен термостат, обичен или програмски со што се обезбедува и прецизна регулација на просторијата. Значи на термостатот вие ја задавате саканата температура а горилникот внесува доолно количество на пелети за да ја постигне. Кога ќе ја постигне тој константно ја одржува. На овој начин се штеди многу на огревниот материјал.
За да се монтира горилникот, потребно е да се промени вратата на самиот котел. Вратата се составен дел од секој сет, а можат и посебно да се нарачаат во случај од порано да има купено котел на цврсто гориво.
Значи доколку сакате да се загревате на пелети потребен е котел, бренер(горилнико), специјална врата за бренерот и резервоар, а сето ова под едно име можеме да го наречеме сет за пелет.Во зависност од тоа колкава моќност е котелот во тој контекст е и горилнико, односно во понудата се наоѓаат бренери со моќност до 34 KW и до 55 KW. Значи на Вас остаува само да обезбедите квалитетни пелети, дали ќе ги набавите од некаде или пак сами ќе ги направите е ваша желба, а квалитетен котел за на пелет ќе ви обезбедиме ние.
Dejan says
Zdravo
Imam parno kotel Ideal Clima Super Teda 5 43kW / 48 kW na nafta i istiot sakam da go prepravam da raboti so peleti. Kotelot treba da zatopluva 150 – 180 m2.Me interesira dali prepravanjeto mozete da go napravite, koj brener ce koristite i kolku ce me cini.
So pocit
Dario says
Почитувани,
За Вашата квадратура би ви одговарал горилник на пелети подесив 14-34 Kw кој го имаме во нашата програма, но дали ќе пасува на вашиот постоечки котел е знак прашање кое треба најпрво да го решите со мајстор изведувач кој ќе ви каже дали може да се поврзе на пелети или неможе.
Со Почит,
Термо Систем
Zoran says
Kolku cini gorilnik bosch so rezervoar za peleti da se ugradi na kotel na drva moknost 31 kw i dali vie ugraduvate ili da preporacate pozdrav,