Греење со клима уреди

Климатизација

Греење со климатизација

Греење е едно од основните потреби за обезбедување на удобен живот на човекот. Во зимски период мора да се грееме. Она што го бараме е да биде најоптимално решение кое ќе обезбеди за најниска можна цена удобно чувство за нас и нашето семејство со кое што живееме. Ова значи:

  • Оптимална инвестиција
  • Оптимална потрошувачка на електрична енергија
  • Оптимално потребно одржување
  • Постигнување на температури кои обезбедуваат нормални услови за живот во зимски период.

Едно прашање кое постојано се поставува е дали може со еден уред и да се ладиме и да се грееме.

Може ли да се грееме со клима уред?

Да, одговорот е дека може.

Греење со клима уреди или како што ги нарекуваме – климатизери станува вообичаен начин за регулирање на температурата во просториите каде што престојуваат луѓето. Особено во време кога започнува да опаѓаат температурите – есен. Денес, се поголем број на клими (сплит системи) за домашна употреба имаат вградена можност за греење. Со развојот на технологијата (инвертер клими), овие системи стануваат се поефикасни за греење и заштеда на електрична енергија, а од друга страна и нивните цени се навистина достапни.

Клима уредите со опција за греење обично се инсталираат кога со еден уред сакаме и да грееме и да ладиме еден простор. Греење со клима уредите е најсоодветно во географски подрачја каде што зимите се умерени. Но, новите технолошки решенија, како инвертер клима уреди, овозможуваат ефикасно греење и во услови на многу ниски температури кои може да се спуштат и до -20Cо (во зависност од надворешните услови).

Како клима уредите греат?

Наједноставно кажано, клима уредот загрева на обратен начин од начинот на кој се лади. Најчесто оние системи кои се користат за домашна употреба (сплит системи) се состојат од надворешна и внатрешна единица на уредот. Кога клима уредот лади, доколку ја ставите раката во предниот дел на внатрешна единица ќе почувствувате ладен воздух, а кога ја ставите рака на надворешна единица ќе почувствувате топол воздух. Кога клима уредот грее, тој работи на обратен начин од ладење. Внатрешната единица произведува топол воздух а надворешната ладен воздух. Значи, уредот работи во спротивна насока.

Во секој случај во последно време се почесто клима уредите се користат и како средство за ладење и како средство за греење.

Trackbacks

  1. […] еден од претходните постови насловен како Греење со клима уреди одговоривме на прашањето дали може да се користи […]

Остави коментар

*