Греење со помош на пелети

Со почетокот на грејната сезона се зголеми интересот на граѓаните за тоа каков вид на гориво ќе користат оваа зима. Поради зголемената цена на електричната енергија, скапото централно греење, се поголем број на граѓани оваа зима ќе се грее на дрва, јаглен или пелети.

Овој пат ќе зборуваме за греење со помош на пелети. Веќе неколку години се хит низ светот, па пристигнаа и кај нас. Некој ги користи, некој можеби воопшто нема слушнато за нив. Поради тоа ние ќе се обидеме да ви објасниме од кои причини се повеќе и повеќе доминираат на пазарот.

Пелетите се еден вид на високо квалитетно биогориво, произведени од дрвни остатоци кои се создаваат во процесот на обработка на дрвото, односно пилевина. Исто така за нивно производство можат да се искористат и шумските отпадоци во вид на гранки. Пелетите доаѓаат во мала форма, споредени со големина на плутените тапи на шишињата за вино и поради тоа имаат многу лесен и едноставен начин на користење, со други зборови ја олеснува физичката работа на корисникот.

Бренерот кој е потребен за согорување на пелетите има дисплеј, што значи огнот се пали преку специјално копче и се подесува посакуваната температура во зависност од тоа колкава просторија се затоплува. Претходно пелетите се истураат во резервоарот и понатаму работата си ја извршува бренерот заедно со полжавот (механизам за транспорт на пелетите од резервоарот до бренерот). Друга предност е тоа што откако ќе го наполните резервоарот, вие сте ослободени 2 до 3 дена од полнење на котелот со гориво, во зависност од тоа на колкава температура е подесен бренерот да ги согорува пелетите. Значи нема потреба да обрнувате внимание на котелот и тоа по неколку дена, односно не мора да го полните котелот со гориво, што е огромно олеснување. Исто така битна информација е тоа што при горењето се создава многу малку пепел а при согорување се создаваат голема топлинска моќ.

Квалитетни пелети во комбинација со добар котел на пелети се идеален начин за затоплување на вашиот дом. Котлите на пелети BOSCH имаат голем степен на искористеност и со квалитетни пелети вие можете грејнте денови да ги поминете најефтино. Доколку збориме за сооднос по калорична вредност, 2 кг. пелети заменуваат 1 литар нафта за греење ( која е во постојан пораст ) што значи дека е 50 % поевтина варијанта.

Во следните неколку постови ќе зборуваме за различните видови греење и тука ќе можеме да заклучиме дека пелетите се еден од најдобрите начини за загревање на вашиот дом.

Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

Comments

  1. Здраво,

    Пред некој ден во ХУБО маркет видов дека продаваат Дабови и Букови пелети. Дали и каква е разликата меѓу едните, т.е. другите?

    Дали кај еден инсталиран систем за греење на пелети, да речеме котел на дрва 30 КW, и горилник на пелети 30 KW, има некаков ефект ако горилникот во потоплите месеци (Окт, Ное, Март) го подесуваме на пониска моќност ~20 KW, а во поладните месеци (Дек, Јан, Феб) го подесуваме на најголемата моќност – 30 КW?

    Поздрав,
    Данаил Поповски

    • Почитувани,

      Доколку се намали моќноста на бренерот всушност се намалува моќноста на котелот и со тоа се намалува потрошувачката на пелети. Доколку временските услови тоа го дозволуваат и вие ја намалите моќноста на бренерот, сте заштедиле на огревен материјал.
      Инаку главната разлика помеѓу палетите е нивната калорична вредност. Колку повеќе калории имаат палетите толку поголема топлотна моќ имаат истите. Бидејќи не ја знам калоричната вредност на горенапишаниве пелети најдобро би било вие самите да ја видите калоричната вредност и со тоа ќе заклучите кои се подобри.
      Се надевам дека со одговорот ви помогнав при вашиот избор.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. Ve molam da mi kazete koj gorilnik dago kupam zagreenje so peleti.Imam kotel Tam Stadler od 35kwati so vgraden bojler za topla voda

Остави коментар

*