Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.
За да инсталирате соларен систем во вашиот дом треба првин да ги увидите вашите можности и услови за поставување на истиот. На што би требале да обврнете внимание пред да го поставите соларниот систем пишувавме во минатите постови, сега нашето внимание ќе го насочиме кон самата инсталација, односно како би требало да го поставите соларнито систем за да би можел максимално да ги апсорбира сончевите зраци.
Соларните колектори може да се инсталираат на рамен кров и на кос кров.
Инсталацијата на рамен кров се врши според сликата прикажана подолу со тоа што прицврстувањето на кровот се врши на бетонски плочи или на делови од објектот, за да може колекторот и рамката да ги издржат напрегањата при силен ветер.
Инсталација на кос кров се врши на тој начин што на самото место се изработуваат држачи во зависност од нагибот на кровот и од ситуацијата, со цел да можат колекторот и рамката да ги издржат напрегањата при силен ветер, како што е прикажано на сликата подолу.
Колекторите треба да се постават директно на рамката на кровот без да се отстрани пакувањето. По целокупната проверката на целиот сончев систем, пакувањето може да се отстрани и колекторот да започне со работа.
Агол на поставување на колекторите
Во однос на страната на светот и агол на поставување на колекторите, за нашата местоположба се препорачува од 30º до 55º додека за централна Европа се препорачува агол од 25º до 70º.
Азимутот преставува агол на отстапување од југ, додека јужната страна има агол 0º па затоа поставувањето на аголот по азимут секогаш треба да е што поблиску до 0º односно прифатливи се отстапувања од 45º југозапад односно југоисток. На долната слика е пикажано како тоа би изгледало сликовито.
При инсталирање на соларниот колектор, истиот треба да се заштити односно покрие со непровидна покривка, со цел да се избегне опасноста од изгореници.
Избегнување на засенчување
Доколку колекторите ги поставиме еден врз друг, треба особено внимание да посветиме на тоа колекторите да не се засенчуваат еден со друг. Доколку се засенучваат делот од колекторот кој е под сенка нема да ги асорбира сончевите зраци и нема да ни е од корист. Колекторите треба да се постават така да не настанува сенка помеѓу 9 часот наутро и 3 часот попладне. Парцијално засенчување,поради мали објекти, како како антени, некоја мала гранка или слично, не се од големо значење.
Доколку ги следедите овие неколку чекори кои ги набројавме во горенапишаното и се придржувате до нив, од вашиот соларен систем ќе го добивате максимумот.
regan123 says
Zosto vakuumskite solarni sistemi ne ja zgrevaat vodata prviot den po montiranjeto,,
Dario says
Почитувани,
Незнам за каков соларен систем станува збор, но соларните системи кои се наменети за производство на топла вода ја загреваат водата веднаш кога системот ќе се инсталира. Веднаш неможе да ја постигне саканата температура на водата, но во зависност какви се надворешните услови ја загреваат.
Доколку и понатаму имате проблем со загревањето на водата во системот би било најдобро да го контактирате вашиот изведувач и да го запознаете со вашиот проблем.
Со Почит,
Термо Систем
vucko says
Pocituvani,me interesira postavuvanje kolektori za na krov konkretno imam deloven prostor so krov od 1200m2 (vo Skopje)kako i zemjiste 50000m2(vo Kososvo) kako da dobijam informacija okolu ova prasanj ,kolku kosta investicijata,dali imam nekoi subvencii i komu i kako se prodava vispok n astrujata.Vucko 078219395
Jovan Tanasoski says
Pocituvani,
Dali vrsite reparacja i potreben servis na solaren sistem vejke postaven?
Pozdrav,
Jovan Tanasoski
072/204-676
sara schrempf says
Pocituvani, nie prodavame.. Najubavo da se javite na tie sto go mestele solarot.