Инсталирање на подно греење и регулирање на температура

Во минатиот пост наловен како Систем за подно греење – инсталација, пишувавме за начинот за поставување на цревото за подно греење, и сите потребни елементи кои се потребни тоа да се постави правилно. Денеска нашето внимание ќе го задржиме на тоа што се е потребно системот да работи правилно и како цревото да го поврземе правилно во касетата. Особено внимание ќе посветиме како да ја регулираме температурата во просториите и на кој начин можеме да постигнеме различна температура во различни простории.

Ние веќе во минатите постови пишувавме за модулите и нивната примена. Модулите се сместуваат во металната касетата, каде преку специјална полуспојка се поврзуаат со церевото за подно греење. Почетокот на цревото е поврзано со горните модули, потоа цревото го спроведуваме во одредена порстирија (го намотуваме) и неговиот крај го поврзуваме на модулите поставени во долниот дел од касетата.

Инсталација на подно греење - модули

Како да знаеме колку модули ќе ни бидат потребни? Во глобала доколку станува збор за некој  дом со просечна големина, во секоја просторија се инсталира посебно црево, односно со свој почеток и крај. Тука доаѓаме до заклучок дека доколку домот има 5 простории ќе ни бидат потребни 10 модули за да можеме да го приклучиме цревото.

Преку модулите го контролирате протокот на топла вода во цревото и со тоа ја контролирате и собната температура. Но од Giacomini излегоа со производ наменет за контрола на температура на одреден дел од просторијата или на целата просторија доколку станува збор за помала квадратура. Производот се состои од вентил со два отвора R508M односно, влез каде влегува цревото, и излез од каде излегува цревото кое потоа го инсталираме во саканата просторија или дел од просторијата. Сето ова е убаво спакувано во метална касета која се вградува во ѕидот од која само се испакнува термостатскиот вентил преку кој ја поставуваме саканата температура.

Инсталација на подно греење - регулација

Инсталација на подно греење - регулација

Значи доколку имаме желба во купатилото на плочките да ни биде потопло за разлика од останатиот дел од нашиот дом, од металната касета споведуваме црево наменето за подно греење до просторијата, го поврзуваме со термостатскиот вентил за регулација на темпратура, потоа го намотуваме во купатилото. Крајот на цревото потоа пак го враќаме и го поврзуваме во металната  касета. Потоа преку термостатскиот вентил си ја поставуваме саканата температура и во зимските денови ќе можеме слободно да влегуваме и да се движиме боси по плочките, ситуација која во нормални услови би била вистински предизвик.

За сите прашања поврзани со темава отворени сме за соработка.

Остави коментар

*