Искористување на сонцето како најголем извор на обновлива енергија

naslovnaСончевите денови се прекрасни за шетање, забава, пиење кафе во пријатно друштво, едноставно речено створени за уживање. Тука го поставуваме прашањето дали сте знаеле дека токму тие прекрасни сончеви денови може да ги искористите како полезност во Вашите домовите. Со поставување на сончеви колектори, ќе имате шанса да ја црпите и користите сончевата енергија која е бесплатна за сите нас.

Сите ние сме сведоци на постојаното поскапување на електрична енергија и на секој можен начин се обидуваме да ја намалиме сметката која од месец за месец е во пораст. Идеално решение за овој тип на проблем, е поставување на соларен систем во вашиот дом. Соларните системи се многу поволни, не само затоа што ни даваат бесплатна енергија во нашите домови, туку и производството на истата е без создавање на отпадни материјали кои ја загадуваат нашата планета. Ова треба да стане врежано во свеста кај нас луѓето, бидејќи глобалното затоплување и исфрлањето на преголеми количини јаглерод диоксид во воздухот, полека но сигурно го уништуваат нашиот природен дом Земјата. Со поставувањето на соларните колектори ние добиваме обновлива енергија, која и тоа како ги задоволува нашите потреби при секојдневното нормално функционирање.

Kuka so solarЕден од обновливите извори на енергија, како што е сончевата, претставува само еден мал дел кој како “светла точка” свети во сивилото кое го создава човекот. Многу важен момент е тоа што големи напори кон презентација и субвенција за изградба на соларни системи прават земјите во транзиција (меѓу кои е и Македонија), кај кои се повеќе се буди свеста за предноста на обновливите извори на енергија. Нашата Влада секоја година дава субвенции за поставување на соларни системи што представува големо олеснување за домаќинствата кои сакаат да постават соларни системи. Распределбата на субвенциите се врши по пат на случаен избор и најголемата субвенција која може да ја добие едно семејство е 30% од вредноста на соларниот пакет, односно најмногу 300 евра во денарска против вредност.

Во оваа приказна се вклучуваме и ние како компанија која во својата програма има пакети со соларни системи, кои се составени од сите потребни елементи за соларниот систем да работи правилно. Сите составни елементи се од реномирани светски произведувачи со одличен квалитет и долг работен век. Се што Вие треба да направите, е само да се одлучите за поставување на соларен систем, а останатото е наша обврска.

Доколку имате дополнителни прашања за соларните системи, отворени сме за соработка.

Comments

  1. aleksandar says:

    zasto ne se dava sunvencija na sekoj sto ce stavi solaren sistem tuku se dava po ”slucaen izbor” a na site ni e poznat toj slucaen izbor.Blagodaram.

Остави коментар

*