Во претходните постови пишувавме доколку имате веќе постоечки дом како да ја зголемите енергетската ефикасност на него. Доколку пак имате план да градите куќа, денеска ќе пишуваме на што се е потребно да се обрне внимание, вашиот дом да е со голема енергетска ефикасност.
Градењето на домот е голем зафат кој бара голема ангажираност и доста планирање доколку сакаме да биде сè како што треба. Еден од аспектите на кој ретко се обрнува внимание при изградбата на нов дом е неговата енергетска ефикасност. Честопати или луѓето се преокупирани со други аспекти на градбата, или не знаат што да направат за да имаат енергетски ефикасен дом или пак знаат, ама како и многупати финансиите се проблем. Сепак, доколку било кој од наведениве решенија за кои ќе прочитате во овој напис се реализираат, цената се исплаќа во заштеда, и повратокот на инвестицијата е во краток период.
Што се однесува до финансиите, поголемиот дел од обичните граѓани градат со помош на кредити. Доколку се решите за еден ваков енергетски ефикасен дом, банките во последиов период понудуваат така наречени еко кредити, кои покриваат проекти од тој вид со мошне поволни услови. Со самото тоа што ќе добиете помала камата ќе заштедите солидна сума на пари, со чија помош ќе ги исфинансирате овие енергетски ефикасни решенија. Но како и да е аспектите на кои треба да се внимава при изградба на новиот дом се: изолација на домот, избор на соодветни прозорци и врати, изборот на систем за греење, вградување на системи кои работат на обновливи извори на енергија.
За изолацијата на домот пишувавме и во претходните постови, но сега пак ќе се навратиме на таа тема. Можеби побитно и од кој вид на греење за кој би се одлучиле е изолацијата. Со добра изолација сметките за греење и ладење би се преполовиле буквално на половина. Има повеќе видови на изолација, но без разлика за кој вид и да се одлучите придобивките од неа се забележуваат уште во наредната сметка за струја.
Изборот на соодветни прозорци и врати е битен момент затоа што најголемите загуби на топлина се преку нив. Така е барем доколку се одлучите за прозорци со низок степен на енергетска ефикасност. Без разлика дали ќе се одлучите за алуминиумски, пвц или пак дрвени, секогаш обрнете внимание истите да бидат со најмалку две прегради односно стакла. Од едно испитување што се има реализирано во Америка, се дошло до заклучок дека дури 30% од топлината на домот се губи преку прозорците. Мислам дека е ова доволен податок за да обрнете дополнително внимание на нив.
Една од најбитните работи на кои треба да обрнете внимание при градбата на вашиот дом е како истиот ќе се загрева. Најбитна е затоа што повеќето решенија за греење кои имаат поголема енергетска ефикасност би требало да се инсталираат уште при градбата на објектот. Во последниов период доста актуелно е домашниот простор да се загрева со помош на топлински пумпи чија енергетска ефикасност односно COP, во зависност од видот, во глобала е четири. Тоа во превод значи дека за секој потрошен киловат час електрична енергија, се одаваат 4 киловати топлина. Ова решение е најефикасно и најисплатливо за нови градби а воедно е најчист и најефикасен начин за загревање на домовите. Исто така во последен период поради својата економичност и енергетска ефикасност се практикува греење со помош на клима уред инвертер. Доколку се решите на ваков систем на загревање, истиот можете да го вградите кога ќе посакате.
Обновливи извори. Најмалку што може секој да направи кој гради нова куќа е да вгради соларен систем во куќата. Многу е зборувано на оваа тема во минатото и повеќе од очигледни се заштедите кои се генерираат со соларните панели. Што се однесува до примена на други системи секогаш можете да вградите геотермални пумпи, фотоволтаик на покривот или мала ветерница, но сето тоа е нешто поскапо споредено со соларните системи за топла вода, така што повратот на инвестицијата е нешто подолго.
Toni says
Zdravo Druze!Bi sakal da te prasam vo vrska so toplinskite pumpi,na kolku metri treba da se izdupci vzemja i da se postavat cevki i kolku precnik da bidat cevkite za da bi se zatopluvala kolku tolku edna pomala kuka se razbira i so pripomos so drug nacin za zatopluvanje.i me interesira kolku trosi struja toplinskata pompai dali e isplatlivo da se vlozuva nanovo vo relativno stara kujka i relativno sredno izolirana.
Vi blagodaram, Toni
Dario says
Почитувани,
Најпрвин да ве информираме дека инвестирањето во топлинска пумпа е сериозен проект за кој треба време и доволно средства за да се инсталира. Инаку со тој систем го решавате ладењето и греењето без притоа да ставате дополнителни уреди за греење или ладење. Дупчењето во земјата зависи од тоа на која длабочина ќе најдете вода која ќе биде наменски поволна за топлинската пумпа. Околу зашедата на енергија тоа би ви значело некаде околу 4 пати пониска потрошувалка во однос на пренос на топлина во просторот. Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем