Како да заштедите елетрична енергија при разладување

Бидејќи сме на средината на летниот период, климатизерите работат речиси константно (не работат само кога не сме дома), па токму поради тоа ние решивме да споделиме неколку практични совети, како да ја намалите потрошувачката на електрична енергија на климатизерот, при режимот на ладење.

  •  Најбитниот сегмент при купување на клима уред е истиот тој да одговара според моќноста, за просторијата за која е наменет. Доколку купиме помал климатизер, односно со помала моќност тој ќе работи многу повеќе време за да ја олади просторијата и ќе потроши многу повеќе струја. Доколку пак купиме поголем климатизер, тој за брзо време ќе ја олади просторијата и многу често ќе се исклучува и вклучува (ако е подесен да ја одржува температурата во просторијата).При тоа нема да може да постигне да го одвлажни воздухот во просторијата, а чувството нема да биде многу пријатно.
  •  Исто така особено внимание при купување на климатизерот, треба да се обрне на енергетската ефикасност. Ние во еден од минатите постови детално објаснивме за енергетската ефикасност на клима уредот и напоменавме дека колку е енергетската ефикасност подобра , толку потрошувачката на електрична енергија е помала. Па од таму особено е важно да се купуваат клима уреди со енергетска ефикасност “А”, “Б” или во краен случај “C”, останатите да се избегнуваат.
  • Доколку сега купувате климатизер, не е лошо да размислите за купување на клима уред – инвертер, кој како што пишувавме во еден од претходните постови, троши многу помалку електрична енергија отколку стандардниот климатизер.
  • Редовното чистење на клима уредот придонесува клима уредот да работи со зголемен капацитет и зголемена енергетска ефикасност.
  • Доколку има простор, надворешната единица да се постави на место каде има поголема сенка, а исто така ако може и да се обезбеди повеќе простор, за да може топлиот воздух да го исфрли побрзо во просторот.
  • Доколку сте во можност затварајте ги прозорците на сончевета страна со завеса или ролетна. Ако пак имате потреба од дневната светлина можете да поставите рефлексна фолија на прозорците, со тоа што ќе се смали количеството на топлина кое ќе влезе низ нив.
  • Околу една третина од топлината во куќата се апсорбира преку кровот, затоа обрнете внимание на тоа да е добро изолиран, или пак да има проветрување односно промаја на него за да би се разладувал.
  • Сите елекрични уреди во куќата генерираат топлина (сијалиците, телевизорот, компјутерот….) затоа ако не ги користиме , да ги исклучиме. Со тоа не само  што ќе ја намалиме потрошената електрична енергија, туку и ќе ја намалиме топлината која ќе треба да се “исфрли“ од домот.

Ова се само неколку практични совети, кои доколку ги примениме разликата ќе ја почуствуваме веднаш. Во текот на наредните постови ќе се обидеме да наведеме уште, а до тогаш слободно пишувајте доколку имате  дополнителни прашања.

Остави коментар

*