Клима уред Toshiba – Новогодишна промоција

 

Клима Toshiba Промоција

По повод новогодишните празници за сите оние кои сакаат да си обезбедат клима уред и тоа не билог каков клима уред туку високо енергетски ефикасен клима уред со инвертер технологија кој лади и грее обезбедивме одлични услови.

Станува збор за Toshiba AvAnt Inverter.

Пред да одиме со некои карактеристики на клима уредот малку за тоа кој е Тoshiba, водечки светски бренд во однос на климатизацијата. Едно нешто е сигурно, тоа е компанијата која ја измисли инвертер технологијата. Но, еве една временска рамка на сликата подолу како се развивале клима уредите во Toshiba.

Историја на Toshiba и клима уредите

Последното чудо од технологија кое ги има следниве карактеристики:

  • Hybrid Inverter. Хибридната инвертер технологија на Toshiba дигитално го контролира капацитетот испорачан од климатизерот. Со модификација на фреквенцијата или интензитетот на испораката се обезбедува линеарна варијација на ротационата брзина или капацитетот на компресорот, срцето на твојот климатизер. Ова овозможува усогласеност на капацитетоте за греење и ладење на актуелните потребни опреративни услови. Енергетска ефикасност.
  • A енергетска класа. Што значи дека спаѓа во групата на енергетски ефикасни клима уреди.
  • 3 : 1 филтерски состав. Специјални филтри по целата изменувачка топлина го прочистуваат влезниот воздух од груби нечистотии. Комбинацијата на специјално избрани компоненти одлично делува против бактерии иги елиминира неугодните мириси.
  • Сертификат за квалитет од Eurovent.
  • И секако неверојатна гаранција од 36 месеци.
Капацитет ладење/греење3,5 / 4,2 kW
Ангажирана моќност – ладење / греење1,08 / 1,14
Ефикасност EER/COP3,24 / 3,68
Ладилен медиумR410A
Димензии – внатрешна единица (должина / ширина / висина)205 / 790 / 275 mm
Димензии – надворешна единица ( должина / ширина / висина)290 / 780 / 550 mm
Тежина – внатрешна / надворешна единица9 / 33 kg
Опсег на работа – ладење-10 ÷ 46 oC
Опсег на работа – греење-15 ÷ 24 oC
Електрично напојување220/240 V, 1 ph., 50 Hz
Приклучоци3/8'’ – 1/4‘’

Цената во оваа новогодишна акција без монтажа е 750 евра и акцијата ќе трае до 31.12.2011 (или се додека ги има на лагер).

Comments

  1. Манчев Дине says:

    Ме интересира клима уред-Инвертор Тошиба за просторија од 40-45 м2.Каква клима уред да земам која ке грее од -15до + 25 целзиусови степени.Таквата клима која ке ми ја препорацате колку би ме чинела заедно со монтажата.Да напоменам монтажата треба да се изврши во Кавадарци.Однапред ви благодарам.

    • Почитувани,

      За Вашата квадратура ќе ви одговара 5,5 Kw клима уред од програмата на Daikin кој бренд го работиме. Повеќе информации ќе добиете на меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. Pozdrav
    Me interesira kakva klima ured inverter treba da kupam za stan od 110m2. Ova posebno e odnesuva na greenjeto.
    Odmapred vi blagodaram.

    • Почитувани,

      За во вашиот стан ќе ви бидат потребни грубо три клима уреди еден 5 Kw и два од 3,5 Kw, но доколку не е возможно да се постават три надворешни единици на вашата фасада од станот, во тој случај ќе треба да набавите мулти сплит систем кој има една надворешна единица со три внатрешни единици со претходно наведените снаги.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*