
Пред да започнеме со објаснување за ефикасноста на централните радијатори, треба да го објасниме вистинското значење на зборот “ефикасност”, за да можеme во понатамошниот текст да го употребуваме во соодветен контекст.
“Работење и произведување на ефикасен начин, со миминален трошок, отпадок и без непотребен напор”.
За оваа дефиниција велат дека е официјална дефиниција, која најдобро го опишува често употребуваниот поим.
Кога се прашува “Кој радијатор за централно греење е најефикасен”, може да се мисли на следново:
- Кој радијатор дава најмногу топлина, според неговата големина?
- Kој радијатор е најевтин да се користи?
- Кој радијатор има најмалку отпад?
- Кој радијатор загрева најбрзo, ја постигнува саканата температура за најкус рок?
Релевантните фактори кои треба да се разгледаат кога се поставуваат наведените прашања и кога се одбира радијатор кој би одговарал на вашите барања и потреби:
ГОЛЕМИНА И ПОВРШИНА
Површината на радијаторт, значи простор кој оддава топлина. Колку површината е поголема, толку е поголемо количество на топлина кое се оддава во просторот. Кога би зборувале за панелните радијатори по метар должина, топлинскиот капацитет е поголем, колку е подолг панелниот радијатор. Не треба да заборавиме да напоменеме дека ваков тип на споредби не би можеле да се прават кај радијатори од различен тип( материјал, форма и сл.)
СОДРЖИНА НА ВОДА
Во теорија, колку помалку вода содржи радијаторот толку помалку време би било потребно за истиот таа вода ја загрее. Во реалноста, количеството на вода која радијаторот ја загрева има разлика од моделот и типот на радијаторот каде истата е складирана.
ДИЗАЈН
Дизајнот на радијаторот е на некој начин поврзан со големината и површината на радијаторот која ја опишавме претходно. Во таа насока би кажале дека дизајнот директно влијае на максималниот излез на топлина.
МАТЕРИЈАЛ
Панелните радијатори се изработени од челик кој како материјал, брзо се загрева и брзо се лади. Алуминиумските радијатори се изработени од алуминиум , кој поспоро се загрева и лади.
ФИНАЛИЗИРАЊЕ
Овој последен чекор во изработката на радијатор, влијае врз излезната топлина на истиот во повеќе степени. Повисоко ниво на емисија на топлина имаат радијаторите кои се премачкани, заради бојата со која тие се премачкуваат повеќе апсорбираат и ослободуваат топлина. Матираните површини имаат повисоко ниво на емисија, од сјајните површини. Хромираните радијатори кои се навистина одлични по изглед и го разубавуваат вашиот дом, за 20% помалку емитуваат топлина од останатите радијатори.
Кога се наоѓате во ситуација каде треба да одберете радијатор, вие сте исправени пред уште некои фактори кои влијаат на вашиот избор, а тоа се: димензии на радијаторот за да може да се вклопи во просторот, естетика и прашање на вкус, вашиот буџет и достапност.
Leave a Reply