Кои се карактеристиките и предностите на полипропиленските цевки од Giacomini

GiacoGreenGIACOMINI, претставува една од водечките компании во термо-санитарната област, која во својот асортиман на производи располага со цевки и фитинзи од полипропилен, за да ги задоволи  технолошките потреби на клиентите и зголемување на обемот на пластични материјали за санитарна дистрибуција.

Компанијата превзема големи инвестиции за да постигне на пазарот целосен асортиман од високо квалитетни производи и користи многу софистицирани контроли користејќи високо-технолошка опрема.

Дистибуција на вода со помош на цевки од полипропилен широко се употребува кога едноставни системи ниски трошоци се потребни. Ваквиот тип на цевки се карактеризираат со мала тежина која дозволува брза инсталација на истите, тие се потполно не токсични, имаат висока акустика и топлотна изолација што ја дава полипропиленот.

Карактеристики

GIACOGREEN ® цевките и фитинзите се особено погодни за спроведување на системите за дистрибуција на топла и ладна вода за хидро-санитарна примена.

Техничките карактеристики со кои располага материјалот даваат најдобро решение за извршување на инсталации за вода за пиење, дури и со висок процент на варовник, прехранбени течности, системи за наводнување за градини, дистрибутивни инсталации на компресиран воздух, аспиративни системи или вакуум.
 Главните предности на GIACOGREEN ® Полипропиленските системи се:

  • Долгото траење. Токму заради отпорноста на материјалот на агресивни елементи и неможноста од перфорација предизвикана од електрична струја (заради спроводливоста) му дава голема трајност на материјалот
  • Мали загуби на притисок. Цевките и фитинзите се карактеризираат со многу мазни површини, и се произведени со особено внимание до крај.
  • Не токсичност. Овој материјал со кој се изработени цевките и фитингот е нетокзичен и направен со современо  технолошки процеси и внимателно одбрани суровини.
  • Висока акустична и топлотна изолација. Карактеристиките на материјалот и дебелината го прават системот способен за апсорпција на звукот, со термоизолација се намалува загубата на топлина, и формирање на кондензација типична за инсталации каде е користена бакарна цевка.
  • Внимателно пакувани за да се даде максимална заштита, лесно складирање и транспорт.

 

Инсталација

Инсталацијата на санитарните системи е многу лесна и брза, дури за неискусните луѓе. При инсталација на дистрибутивните линии, некои полесни препораки можат да се следат, од типот на подготовка на цевките, соединување и тестирање под притисок откако инталацијата ќе биде завршена. За долготрајни и совршени спојки, потребно е цевките да бидат прецизно исечени со соодветни секачи, да се исчистат краевите кај што ќе се спојуваат, да се отстранат сите остатоци од нечистотии или маснотии, соодветно да се обележи длабочината на дупката, да се затопли цевката (да се избегнува откриен пламен), последователно да се спојат двата краја без ротирачки движења и да се почека некое време додека не се изладат; Да се избегнуваат било какви притисоци врз спојката се додека не помине потребното време за ладење; ова е многу важо за да се избегне оштетувањето на спојките и да се конпромизира квалитетот на составувањето.

Откако ке заврши инсталацијата пред да се покрие системот со бетон приклучоците се ставаат на крајните делови и системот се тестира бидејќи истиот мора да издржи притисок 15 пати повисок од работниот притисок.

Кога инсталацијата веќе е видлива потребно е да се подржат цевките со соодветни држачи и да се овозможи експанзија и контракција на истите со цел да се достигнат вариациите на должина на цевките кои се подложни на температурни разлики.

Во случаи кога течноста може да замрзне системот мора да биде изолиран.

Kaseta za vodovodТреба да се внимава!

GIACOGREEN ® како кај сите полипропиленските стандардни цевки, бара некои мерки на претпазливост за да се гарантира издржливоста и работењето.

Главните правила се:

  1. Чувајте ја цевката во амбалажата, да се избегнува директна изложеност на сонцето.
  2. Чувајте ја цевката во заштитени и суви места, да избегне оштетување на пакувањето од влажност.
  3. Избегнувајте цевката да дојде во контакт со остри предмети, особено при транспортот и инсталацијата.
  4. Секогаш користете точни секачи, и сечете паралелно со оската на цевката
  5. Заштитете ја цевката пд замрзнување затоа што под нулата полипропиленот станува кршлив, избегнувајте исто така и цврсти површини.
  6. Не дозволувајте цевката да биде изложена на огин.
  7. Посветете посебно внимание на операцијата со загревање на елементите, која мора да се изврши според упатсвата.
  8. Пред да го направите зглобот осигурете се дека цевката и спојката се исчистени со шмиргла.
  9. Кога се поврзуваат навоите на спојките, избегнувајте прекумерна употреба на лента за запечатување со цел да се избегнат проблемите при спојувањето.

Гаранција

Пред да биде лансиран на пазарот, GIACOGREEN ® компонентите беа предмет на континуирани тестови со цел за да се гарантира висок квалитет. Во циклусот на производството се проверуваат хемиско-физичките карактеристики, димензионалните и хидрауличните контроли идентификувајќи ги сите можни дефекти, кои би можеле, со текот на времето, да создададат дефект или истекување на течност.Фабричката гаранција на GIACOGREEN ® цевките е со траење од 10 години, почнувајќи од производниот датум.

Во текот на тој период GIACOMINI ќе рефундира на максимум 1.000.000 евра, било каква штета на лице или имот произлезена од компонентите.

Гаранцијата не важи под следниве услови:

  1. Ако работните услови се различни од оние што се пропишани.
  2. Ако компонентите се употребуваат во инсталации каде што течноста не е компатибилна со материјалот.
  3. Ако инструкциите за инсталацијата не се строго следени.
  4. Ако цевката покажува дефекти кога се инсталира, поради присуство на инцидентни фактори и лесно препознатливи за време на инсталацијата или кога системот се поставува на тест за притисок
  5. Ако компонентите се инсталирани со други кои не се произведени од GIACOMINI, гаранцијата важи само за GIACOGREEN.

Остави коментар

*