Централното греење со помош на радијатори има процветано во последните децении. Производството оди напред со воведување на новитети, така што повеќе не сте ограничени само на едноставен бел или сив радијатор од леано железо. Сега поставениот радијатор во вашиот стан, куќа или изложбен салон може да има најразлични футуристички и несекојдневни форми и бои кои доаѓаат како декорација во просторот. Но прв важен чекор при правењето на вашиот избор е материјалот од кој е изработен радијаторот. Вашите главни опции се гусени, нерѓосувачки челични или алуминиумски радијатори. За да ви помогнеме при изборот на најдобар радијатор за вас, во овој пост ви ги презентираме предностите и недостатоците на материјалите од кои се изработени радијаторите.
Леаното железо (гус) во минатото беше еден од најупотребуваните материјали за производство на радијатори во минатиот век. На гусот му е потребно долго време да се загрее, но топлината која ќе ја развие ја задржува многу подолго време дури повторно се излади. Ова ви укажува на фактот дека овој тип на радијатор ќе ви држи топлина подолго време откако ќе биде исклучено централното греење. Порано во старите денови кога се градело со слаба изолација и не доволно добро дихтување на прозорите, овие квалитети кои ги има гусот изгледале како сосема прифатливо решение. Сепак, денеска во модерните домови каде се поставува фасадна изолација и прозори со двојно стакло, овие својства на гусаните радијатори губат на вредност.
Гусените радијатори се најпопуларни кај луѓе кои сакаат класично уредување на домот. Токму затоа треба да бидете свесни дека постојат и обични челични радијатори кои даваат класичен ретро изглед како и гусените радијатори, со кичестни ногарки поставени на подот. Ова не доведува до следниот тип на материјал за изработка на радијатори – нерѓосувачки челик. Нерѓосувачкиот целик е со многу висок квалитет и со многу голем број на посакувани својства. Најпрвин челикот не фаќа ‘рѓа. Сепак е важно да се напомене дека само една оценка од нерѓосувачки челик е погодна за изработка на радијатори, од вкупно 150 оценки кои ги добива челикот. Следната голема предност на нерѓосувачкиот челик како материјал за изработка на радијатори е тоа што тој е многу ефикасен проводник на топлина. Плус на ова можете да бидете сигурни дека челичните радијатори ќе ја чуваат топлината многу повеќе во однос на алуминиумските радијатори. Ова значи дека тие ќе ја задржат топлината во домот повеќе време откако ќе биде исклучено централното греење. Нерѓосувачкиот челик по обработката добива мошне атрактивна завршница, која лесно се одржува чиста. Одржувањето е лесно, само со едно бришење со топла вода и детергент, неколку пати во годината. Овде само треба да се има на ум една работа, дека квалитетен нерѓосувачки челик не се наоѓа лесно, и воопшто не е евтин.
Конечно, на крај можеме да ги разледаме алуминиумските радијатори. Во споредба со леаното железо и челикот, алуминиумот е најдобар диригент на топлина. Значи една од најдобрите карактеристики на алуминиумските радијатори е нивната одговорност и контрола на толината која ви ја распределуваат во просторот. Алуминумот е високо ефикасен емитер на топлина. Со помош на алуминиумските радијатори можете во било кој момент, кога ќе пристигнете дома да го вклучите централното греење и да имате топол дом за многу кратко време, да не речеме веднаш. Алуминиумските радијатори работат со многу пониска темепература на вода и се многу флексибилни во одност на променливи температури од надворешно влијание. Ова се одразува на поголема ефикасност и пониски трошоци, што за вас ќе значат пониски сметки на крајот од месецот. Алуминиумот е некорозивен, исто така тој е лесен и практичен за монтажа. Резултатот најчесто е ниска цена за инсталација. И на крај секогаш доаѓа прашањето за чистота, стил и добар изглед. Алуминиумските радијатори имаат толку добар дизајн кој може да се усогласи во било која околина. На крајот на краиштата, најголемата предност на алуминиумските радијатори е бесконечниот спектар на стилови, форми и бои кои се достапни.
Сите радијатори за кои пишавме по нешто имаат доста пофални зборови и позитивни карактеристики, но кога ќе ги земеме во предвид сплетот од функцијата, дизајнот и економичноста излегува дека апсолутен победник се алуминиумските радијатори.
Kosta says
Koga ce se osvrnete na vec postavenoto Vi prashawnje : kako da se iskoristi prirodniot gas za zagrevanje. Chekam vece podolgo vreme, aplinot-prirodniot gas e na pragot do nashite domovi.Barem taka propagiraat kompetentnite lugje vo R. Makedonija.
Pozdrav,
Kosta Basov,dipl.ing. metalurg.
Dario says
Почитувани,
Во врска со поставување на инсталација за гас, во нашата програма имаме котли кои како извор на енергија користат гас, исто така за тие инсталации постојат и соодветни гасни вентили од програмата на Giacomini. Повеќе информации околу цената можете да погледате на нашата страна во производи.
Со Почит,
Термо Систем