Колку чини да се инсталира подно греење во стан од сто метри квадратни

За подното греење имаме пишувано многу во изминативе постови, но сепак имаме изоставено еден многу битен сегмент, колку сето тоа би чинело. Ние можеме да планираме и да имаме многу убави замисли но доколку немаме доволно финансии, сите планови ни паѓаат во вода. Сега ќе се обидеме да направиме една спецификација на материјали кои би требало да се употребат за да може ситемот за греење да работи правилно. Спецификацијата ќе се однесува на простор од 100 метри квадратни, а воедно на крај и ќе пресметаме колку сето тоа чини.

Во системот за подно греење топлината ја одава специјално црево за таа намена, кое е поставено во подот. Во зависност од тоа какви се просториите и како би можело цревото да се постави, во глобала се се сведува на еден податок, дека во еден метар квадратен треба да се постави 7 метри црево. Така да доколку се работи за стан од 100 метри квадратни во тој случај на нам би ни биле потребни околу 700 метри црево за подн0 греење.

Доколку поставуваме специјално црево за подно греење се препорачува да се постави и специјален стиропор за подно греење. Тој е обложен со специјални обвивки со антиоксигенска бариера која придонесува топлинската енергија да зрачи во просторијата за која што е наменета и да се намалат губитоците. Бидејќи станот е од 100 метри квадратни и стиропорот треба да изнесува 100 метри квадратни. Цената на стиропорот е различна и оди од 3 евра до 7 евра за квадрат. Кај обичниот стиропор се потребни додатни елементи како што се пластични прицврстувачи и шини, додека кај специјалниот стиропор за подно греење тие не се потребни затоа што на него има вградено специјални држачи.

Секој круг на подното греење мора од некаде да ја прима топлата вода, а потоа истата вода да ја прати назад на повторно загревање. За оваа намена се задолжени модулите. На потисот се поставуваат модули со флуометар преку кој ќе можете да го контролирате протокот во одреден круг на црево. На повртатот на цревото се поставуваат модули со глава. Подоцна на овие модули можат да се постават магнети глави преку кои ќе се контролира температурата на одреден круг, односно просторија. Бидејќи се работи за стан од 100 метри квадратни пресметавме дека ќе бидат потребни околу 8 круга, а тоа значи дека се потребни 8 модула со флуометар и 8 модула со глава. За да може цревото да се поврзе со модулите потребни се специјални полуспојки. Бидејќи имаме се на се 16 модула, во овој случај ќе ни бидат потребни 16 полуспојки кои во зависност од дебелината на цревото можат да бидат со разчна големина.

модули за подно греење

На почетокот на модулите правилно е да се постави вентил со холендар за да може и тука да се контролира протокот на течност. На крајот од модулите се поставува тештик комплет со автоматско воздушно лонче за испуштање на гасовите кои ќе се појават во системот при работење, и котелска славина за полнење и испуштање на системот. Зачи се на се потребни се два топчести вентили со холендар и два тештика комплет со котелска славина и автоматско лонче.За на крај потребна ни е уште метална касета каде ќе се сместат сите овие елементи која би требало да биде со должина од 80 сантиметри.

Грубо ова се елементите кои се потребни за поставување на подно греење во стан од 100 метри квадратни. Тука недостасува само циркулационата пумпа, која би ја туркала водата и котелот кој би ја загревал водата во системот, кој како енергенс може да користи гас, струја, дрва, јаглен и.т.н, затоа и не го напишавме во спецификацијата бидејќи постојат многу опции.

Инаку оваа пресметка се однесува само на елементи од програмата Giacomini, таа можеби нема да е иста доколку се работи за друга програма. Од истава спецификација можеме да извлечеме еден заклучок, дека доколку сакате да поставите подно греење во вашиот дом, можете да се држите до тоа дека за еден метар квадратен ќе ви бидат потребни околу 11 евра. Тука само не е земена цената на стиропорот која може да варира и воедно многу да влијае на цената.

Се надевам дека оваа спецификација ќе ви помогне доколку имате дилема како да го загревате вашиот стан. Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете тимот на Термо Систем секогаш е тука за да помогне на своите читатели.

 

Comments

  1. Pocituvani, vo gradba na kuka sum i me interesira postavuvanje na podno greenje i solaren sistem. Podnoto greenje e za eden sprat od neto 90 m2. ( dneven prestoj,kujna,spalna,banja, toalet,pretsobje) i 3 prostorii so banja vo potkrovje so 50m2. Pa ako moze edno vase razmisluvanje za nekoi aspekti vo izvedbata i povrzanosta na dvata sistemi(greenje i solarniot sistem) i sekako kolku bi me cinelo.

  2. Здраво, ме интересира каков тип на подови е најсоодветен да се вгради за ваков тип на греење, особено ме интересира како ќе се однесува ламинатен под.

    • Почитувани,

      Најдобро е да поставите на подот плочки, доколку сакате да поставувате ламинат треба да се информирате и да купите специјален ламинат за подно греење кој би ја пропуштал топлината, како не би дошол како инзолатор.
      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  3. znaci ako ideme prema vasata presmetka za 100m2:

    1050e za creva od 1,5e m2 + 7e za stiropor najkvaliteten = 18e od m2.=1800e

    8 модула со флуометар=80e ?
    8modula so glava kolku kostat? ne se otvara cenata?
    Vo vrska so pumpata germanska kosta 250e.se montira na kotelot? dali nesto extra tuka e potrebno?
    ventil so holendar cena?

    znaci 18e od m2( creva I stiropor) + modula 80e + 8modula so glava(cena?) + pumpa (germanska 250e) + ventil so holendar cena?

    bi doslo nekade okolu 2250e komplet sve? Dali ovdeka e presmetana rabotna raka? I ako ne, kolku bi kostalo na m2. I za kakvi firmi stanuva zbor na creva I pumpi pogore? dali se visoko kvalitetni? I dali moze germanski proizvodi da se nabavat?

    Dali moze da se regulira vo princip da ne sakam nekoja soba da raboti podno dali e mozno toa da se regulira I dali nesto extra se doplaka za vakva funkcija?

    kolku god garancija ima na celiov system?

    znaci zboreme za na greenje so voda I kotel na peleti ili drva.

    • Почитувани,

      Вака неможеме да ја сватиме пресметката која ја правите, најдобро би било доколку имате интерес да ни доставите спецификација на info@termosistem.com.mk и ние да ви дадеме конкретна понуда вака во едно прашање да ви направиме понуда е апсурдно.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*