Комбинирани бојлери Bosch

Комбиниран бојлер Bosch

Еден дом неможе да се замисли а во него да нема инсталирано бојлер, кој ќе jа загрева водата која што потоа се користи во домаќинството. На пазарот се присутни многу типови на бојлери кои се разликуваат според својот капацитет, големина, квалитетот, произведувачот и.т.н. Ние денеска ќе претставиме еден нов тип на бојлери кои од неодамна се појавиа на нашиот пазар. Тие со своите перформанси и со својот квалитет за краток период ги засенија сите останати бојлери. Станува збор за бојлери од германско производство односно, бојлери од реномираниот произведител Bosch.

Кога се купува некој производ за трајна употреба, секој бара квалитет и ефикасност на производот, за да нема незадоволство од неговата работа и за понатамошна замена на истиот. Зашто токму BOSCH? Бојлерите на BOSCH имаат 2 години гаранција и докажан квалитет. Тие имаат сервис воспоставен на цела територија на Македонија така што и доколку некогаш има потреба од некаква интервенција тоа не би претставувало проблем.

BOSCH бојлерите се наменети за вертикална инсталација и достапни се во два модела и тоа: како класичен акумулационен бојлер со елекричен греачи  и комбиниран бојлер со додатен изменувач на топлина. Сигурно веќе се прашувате што значи изменувачот на топлина и која е неговата улога. Ние кога пишувавме за бојлерите на кои примарна намена им е за соларните системи наведовме за што служат изменувачите, но сега пак ќе напоменеме. Преку изменувачот бојлерот може да се поврзе со сончев колектор и во текот на летниот период да можете да ги користите придобивките од сончевата енергија. Во зимскиот период бојлерот можете да го поврзете со котелот и како тој ја загрева водата во системот за греење, исто така да ја загрева водата во бојлерот. Преку измнувачот се заштедува многу на електрична енергија.

Телото се состои од челичен бојлер, заштитен со специјална превлака од стакло и керамика. Изолација на бојлерите е изградена од еколошки материјал, односно од полиетиленска пена со голема густина, која е заслужна за големата ефикасност на бојлерот.

Бојлерот располага со вградена направа за заштита од прегревање (термопрекинувач), кој има за задача да го исклучува греачот кога температурата на бојлерот ќе достигне до критично ниво. Во бојлерот уште има и неповратен заштитен вентил кој спречува потполно празнење, со што го заштитува бојлерот да не работи на празно а плус го штити и од зголемен притисок во бојлерот. Тие уште се опремени и со магнезиумска анода која го штити бојлерот од создавање на бигор. Магнезиумската анода е со голем век на траење, со што бојлерот голем период ќе биде заштитен од создавање на бигор. Но кога некогаш магнезиумската анода ќе се потроши бидејќи сепак е потрошен материјал, поради дизајнот на Bosch бојлерите, без проблем и многу лесно можат да се заменат.

Значи доколку се одлучите во својот дом да инсталирате бојлер од програмата на BOSCH, добивате високо квалитетен бојлер кој можете да го поврзете со соларен систем или пак за котел кој се користи во системот за грење. Со него заштедувате многу на електрична енергија а и вашите грижи дека можеби би можел да се прегрее се веќе минато.

Доколку имате дополнителни прашања во врска со темава слободно пишете.

Остави коментар

*