Комбинирани бојлери San System
Поради големите температури во летниот период, нашето тело постојано се поти. Токму поради тоа, ние особено во летниот период се капиме секој ден и по неколку пати. За да имаме постојано топла вода и таа да може да се загрева, општо познато е дека потребен ни е бојлер. Денеска ќе пишуваме за Комбинирани бојлери San System , односно за бојлери кои првенствено се наменети водата внатре во нив, да ја загреваат преку сончевата енергија.
На пазарот се присутни повеќе видови на бојлери кои служат за добивање топла вода. Бидејќи според цената и квалитетот со кој располагаат немаат конкуренција, ние ќе зборуваме за комбинирани бојлери на Sun System. Според својата намена има неколку видови на бојлери и сега ќе се обидеме да објасниме кои се нивните разлики.
Првин ќе го објасниме емајлираниот бојлер кој се загрева само со помош на електрична енергија. Значи станува збор за бојлер кој водата во него ја загрева само со помош на грејач. Инаку тој е изолиран од надворешната страна со специјална изолација. Која во зависност од капацитетот на бојлерот, се разликува која е дебелината на изолацијата. Изолацијата е многу корисна, зошто со помош на неа, водата својата топлина ја задржува многу подолг период од вообичаено.
Бојлерот исто така оди и со специјална магнезиумска анода која што го штити бојлерот од создавање на бигор. Анодата исто така е од голема корист зошто сите знаеме колку бигор може да се насобере во бојлерот за краток период.Тоа директно влијае на брзината на загрвањето на водата и го намалува капацитетот на самиот бојлер. Ова е потрошен материјал и со текот на времето би требало да се менува. Кај овој тип на бојлер и нема нешто посебно што да се објаснува зошто само го вклучуваме и водата се загрева.
Вториот тип на бојлер е бојлер со еден изменувач
Познат како бојлер со една змија. Овој бојлер има можност да се загрева со помош на електрична енергија. Кај него постои и можност да се поврзе и со соларни панели кои ќе ја загреваат водата во него. Изменувачот не мора да се поврзува со соларните панели, туку тој може исто така да се поврзе и со системот за греење и да ја топли водата во него. Бојлерот со еден изменувач исто така во себе содржи магнезиумска анода која го штити бојлерот од бигор.
На крај останува бојлерот со два изменувачи
Овој тип на бојлер исто така е познат и како “трипла“. Главна разлика помеѓу бојлерот со една и бојлерот со два изменувачи е тоа што, додека првиот може да се поврзе или за соларен систем или за систем за греење, другиот може да се поврзе и со двата системи истовремено. Овој тип на бојлери во последниов период се многу застапени на пазаров. Причина за тоа е што луѓето сакаат сончевата енергија да ја користат во текот на целата година.
Инаку бојлерите кои што имаат изменувач во себе можат да се поврзат со котел на цврсто гориво или пак котел на струја и водата која се наоѓа во него да се загрева преку котелот. Со тоа заштедуваме на електрична енергија, зошто не трошиме струја специјално само за да ја загрееме водата во бојлерот. Па така да доколку се решите за поставување на бојлер ние секогаш препорачуваме бојлер со два изменувачи. Со негова примена искористеноста на топлата вода е многу поголема.
Инаку сите горенаведени типови на бојлери одат заедно со електричен грејач, сигурносен вентил кој го штити бојлерот од преголем притисок, магнезиумска анода и термометар. Нив ги има во различни големини почнувајќи од 150l па се до 1000l.
Ferati says
Me interesira bojler od 150 l i od 200 l so dve izmenuvaci.hvala na odvovor Pozdrav!
Dario says
Почитувани,
На следниот линк можете да ги погледате цените за бојлерите со два изменувачи http://www.termosistem.com.mk/products-page/kombinirani-bojleri/kombiniran-bojler-so-dva-izmenuvaci-sun-system/
Со Почит,
Термо Систем