Компонирање на соларните системи за добивање на топла вода

Kuka so paneliКолекторскиот круг на соларните системи се состои од колектор, пумпа, неповратен вентил, топлински изменувач и уреди за обезбедување на системот како што е експанзиониот сад и сигурносниот вентил. Топлинскиот изменувач од колекторскиот круг е вграден во долната зона на резервоарот за да се обезбеди оптимален топлински пренос во него. Контролната единица која се користи во овој систем ја надгледува и регулира температурата, која доколку ја надмине определената граница, пумпата се активира за да овозможи циркулацја на флуидот низ колекторскиот круг. Преку топлинскиот изменувач, сончевата топлина се оддава кон водата во резервоарот. Помошниот загревач во горниот дел од резервоарот одржува определено температурно ниво на водата. Санитарната топла вода се црпи директно од горниот дел на резервоарот. Температурата во резервоарот може да достигне и до 95°C во летниот период, неопходно е да се постави и мешачки вентил за да се добие вода со сакана температура.

Големи системи за подготовка на санитарна топла вода

Покрај употребата на соларните системи и добиената топла вода во индивидуалните куќи и мали станбени објекти, сончевите топлински системи наоѓаат голема примена и кај големите станбени објекти, хотели, индустриски објекти и деловни простори. Кај овие големи сончеви топлински системи, сончевите добивки по m² колекторска површина се поголеми, додека специфичните трошоци по m² обично се помали.

Компонирање на системите

1. Еден можен концепт за компонирање на системите е т.н „систем со моментално проточно загревање” каде топлата вода од баферот се пренесува на санитарната вода во оној момент кога истата се користи. Предности на овој тип сончев систем е тоа што може лесно да се инсталира во постоечкиот систем, температурата на флуидот е релатино ниска, како и трошоците за користење. Недостаток на овој систем е тоа што енергијата од баферот може да се пренесе кон резервоарот за топла вода, единствено кога истата се троши. Системот за контрола е сложен и димензионирањето на топлинскиот изменувач е отежнато поради тоа што топлината треба подеднакво добро да се пренесува како при мал, така и при голем притисок. Set solaren

2. Како втора опција е сончевиот предзагревен резервоар, чиј волумен е 10% од дневните потреби за топла вода. Со помош на овој систем сончевата енергија од баферот може да се пренесе на санитарната вода, во ситуација кога се троши и кога не се троши вода. Како и претходниот, така и овој лесно може да се инсталира и функционира. Неговиот систем за контрола е едноставен и димензионирањето на топлинскиот изменувач е поедноставно. Недостатоците на овој систем се следниве: повисока температура на флуидот од колекторите заради мешање во баферот, дополнителни цевки заради превенција од легионела, поголеми топлински загуби и трошоци заради дополнителниот резервоар.

Set solaren 2

Со цел да се обезбеди добро топлинско раслојување (стратификација) во баферот, односот на висината спрема дијаметарот треба да биде околу 3. Добрата стратификација се прави со цел да се постигне висока температура на горната зона на баферот, од каде се користи топлината за загревање на водата, а ниска температура во долниот дел на баферот, каде треба да биде ниска влезната температура во колекторите.

Кај системите кои се коректно димензионирани и компонирани, учеството на сончевата енергија на годишно ниво за загревање на топла вода, ќе изнесува околу 30%.

Остави коментар

*