Корисни прашања и совети поврзани со КЛИМА УРЕДИТЕ

Даикин инвертерКористењето на клима уреди во летните денови ни го олеснува соочувањето со летните горештини и високите температури. Постигнување на саканата температура во просторијата каде се наоѓаме најбрзо се постигнува со користење на клима уред со напредна инвертер технологија која ја регулира брзината на работењето на компресорот и ја редуцира потрошувачката на електрична енергија.

Дали се “исплати” користење на клима уред за греење во вашиот дом?

Стандардните системи константно работат со полн капацитет и не ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија, додека инвертер климите ја намалуваат брзината на компресорот, како се приближуваат до саканата температура. Тие доста брзо ја постигнуваат саканата температура, понатаму со помалку осцилации на компресорот ја одржуваат истата температура. Покрај нивната економичност во работата, тие исто така функционираат на многу ниски темератури и имаат висок коефициент на заштеда (COP) во однос на другите уреди за греење.

Која големина на клима уред е потребна?

Капацитетот на клима уредот се одредува врз основа на повеќе параметри, како што се следниве: големина на просторијата (облик и намена), положба на самата просторија (бр. на сончеви страни), површина на стаклени површини, број на електрични уреди во просторијата, постоечката термичка изолација, број на луѓе во просторијата и сл. Откако сите овие параметри ќе се разгледаат и земат во предвид, може да се одреди потребната јачина на клима уредот.

Кој гас е еколошки и колку е битно токму таков да користи еден клима уред?

Поимот еколошки гас кај клима уредите се однесува на типот на фреонот кој го користи климата во нејзиното работење. Еколошките гасови помалку го загадуваат атмосферскиот слој, но не влијаат на квалитетот на воздухот во просторот.

Дали клима уредите може да работат и при ниски температури?

Како што напоменавме за ниските температури на кои може да работи клима уредот со инвертер технологија, во спецификација на уредот е назначено дека висината на надворешната температура на која може да работи клима уредот со инвертер технологија е -15°C, што ни ги намалува грижите за загревање во ладните денови.

Која е оптимална зададена температура?

Оптималната температура која е најдобро да се зададе на клима уредот, зависи од надворешната температура. Препораката е разликата да не биде поголема од 10°C, зошто би постоел ризик од шок за самиот организам.

Како да се одреди положбата на клима уредот во просторијата?

Клима уредот најчесто се поставува на ѕид и треба да се избегнува негово поставување на места каде директно би дувале кон гарнитурата или пак некое друго место каде често престојуваме.

Зошто климата не работи во истиот момент кога ќе се вклучи за греење?

При вклучување на клима уредот, откако ќе се отворат крилцата за насочување на воздухот, климата не почнува веднаш да дува. Тоа е така бидејќи доколку не сакаме веднаш да почне со дување на ладен воздух, потребни се неколку минути да се загрее внатрешната единица и уште неколку минути за урамнотежување и да почне топол воздух да ни го загрева просторот.

Зошто и кога се случува испуштање на звук од клима уредите?

На ниски температури, кога е потребно и неопходно одледување на надворешната единица, клима уредот на кратко преминува во режим ладење, кога ја грее надворешната единица.

Дали се препорачува клима уредот да работи цела ноќ?

Се препорачува клима уредот да работи преку ден и доколку ноќните температури се високи, да се остави да работи на минимум. Телото за време на ноќта се лади и доколку температурата е прениска, може да се случи да настинеме или да не болат мускулите.

Во продолжение на следните наши текстови, би ви навеле уште некои корисни совети поврзани со клима уредите.

Остави коментар

*