Корисни прашања и совети поврзани со користење на пелетите

image-3-300x199Кога станува збор за користење на пелетите како извор на енергија, уште на почетокот напоменуваме дека сите пелети не се произведуваат исто. Популарноста на пелетите и нивната употреба, наметна низа прашања на кои е потребно да се одговори. Токму поради таа причина ние во продолжение наведуваме некои од нив и се надеваме дека преку нив ќе ги добиете потребните информации.

Прашање: Што е она што ги прави пелетите добри како гориво?
Одговор: Најважното прашање кое треба да се постави на продавачот, дали составот на пелетот е од чисто дрво, дали содржи кора, листови или пак картонски производи. Сите квалитетни пелети произведуваат големо количество на топлина, а оставаат минимално количество пепел, искористувајќи го до максимум капацитетот на котелот или пак каминот.

Прашање: Како може да се препознае квалитетен пелет?
Одговор: Најлесниот начин да се провери квалитетот на пелетот е да се помириса. Едноставно наполнете ја дланката со пелет и помирисајте го. Она што треба да го помирисате е пријатен мирис на чисто дрво. Доколку забележите други чудни мириси, бидете сигурни дека во составот на тој пелет освен дрво има и други примеси.
Бидете Внимателни?! Поголемиот дел од производители и продавачи на пелет продаваат пелети во чиј состав има хартија, лепак, мастило итн, при тоа нивната цена е пониска за разлика од другите производители. Вака изработените пелети имаат карактеристичен мирис.

Прашање: Пелети од тврдо пресувани дрва или пелети од лесно пресувани дрва? Што е подобро?
Одговор: Повеќето луѓе сметаат дека пелетите од тврдо пресуваните дрва се далеку подобри, што не е вистина, кога се работи за пелети.
Првото и најважно нешто што треба да се запомни е дека Вие купувате пелети на тежина, а не по нивниот волумен. Тврдо пресуваните пелети тежат од 2 до три пати повеќе, во споредба со лесно пресуваните пелети. Како и да е еден тон тврдо пресувани пелети е исто што и еден тон лесно пресувани пелети.

Прашање: Која е калориската моќ на пелетите?

Одговор: Генерално моќноста на пелетот изнесува 4,9 kWh на килограм пелет, но на пазарот се наоѓаат и пелети чија што моќ е поголема. Пред да набавите поголема количина на пелети, убаво разгледајте ги сите карактеристики на пелетот.

Прашање: Дали на пелетите им е потребно голем простор за складирање?
Одговор: За складирање на годишна набавка на пелети во принцип ќе Ви бидат потребни 5-6м3 простор. И она што е најважно, просторот каде треба пелетите да бидат сместени треба да биде сув.

Comments

  1. Vi blagodaram za Vasite korisni izvestuvanja i soveti vo vrska so greenjeto i energetskata efikasnost

Остави коментар

*