Цел викенд неможев да се наспијам , зошто моите соседи уште од раните утрински часови започнаа да се подготвуваат за зимскиот период, односно сечеа дрва. Воопшто не ги окривувам зошто температурите видно се намалија и потребно е да се подготват за студениот период кој ни претстои.
Поради моменталната слика на пазарот, електричната енергија според нашиот стандард е прилично скап енергенс, па токму поради тоа и оваа година за загревање на нашите домови најмногу ќе се користи дрвото. На пазарот се присутни многу котли на цврсто гориво, најразлични шпорети, камини и.т.н, и сите тие се разликуваат според степенот на искористеност. Што значи тоа? Тоа значи дека одредени котли од определена количина на дрва, при согорување емитуваат повеќе топлинска енергија, од друг ист котел кој се корист за истата намена.
Ние во еден од минатите постови пишувавме за високо ефикасниот котел на цврсто гориво BURNIT WBS ACTIVE, кој се контролира преку дигитален дисплеј. Денеска ќе пишуваме за котел исто така од програмата на BURNIT, само што работата не се контролира преку дигитален дисплеј, туку преку вентил промаја. Станува збор за BURNIT WBS.
Значи заедно со котелот добивате вентил промаја и сигурносен вентил, кои кај останатите котли се купуваат дополнително, а тука ги добвате бесплатно. Инаку котелот како и неговиот постар брат BURNIT WBS ACTIVE, работи на принцип така што се поврзува со грејни тела (радијатори, регистри, црево за подно греење и.т.н) и целосно произведената топлинска моќ ја насочува кон нив. Тој од надворешната страна е изолиран со високо ефективна изолација, што резултира со тоа што не одава топлина од него туку само ја пренесува на водата, што циркулира низ него. Внатре во него има три прегради (промаи), кои што имаат за задача да го задржуваат топлиот воздух во котелот што можат подолго време. Тоа резултира со зголемена искористеност на огревниот материјал. Од внатрешата страна котелот исто така е изолиран со челичен лим со дебелина од 5mm.
Во последниов период многу актуелни се котлите на пелети. Доколку веќе поседувате котел на цврсто гориво BURNIT WBS, а воедно пројавивте и желба да користите котел на пелети немора да купувате нов котел. Само со додавање на горилник за пелети на долната врата од котелот, и истиот доколку го поврземе со резервоар за пелети, се добива нов котел на пелети. Момците кои ги произведуваат котлите, се гледа дека размислувале на се.
Котелот е многу лесен за употреба и за одржување. Тој има огромен резервоат кој можеме да го наполниме со дрва и во текот на денот многу малку внимание да посветуваме на него, зошто потребно е многу време додека дрвата да согорат. Не мора да обрнуваме додатно внимание на големината на дрвата кои ги ставаме во котелот, бидејќи вратичката каде се ставаат дрвата е со многу голем отвор.
Одржувањето на котелот исто така не претставува проблем затоа што со котелот оди и сетот за чистење на котелот, а и на долната врата има и специјален сад каде пепелот паѓа. Значи потребно е садот се пепел само да се истури во ѓубре и тоа е тоа.
За сите дополнителни прашања отворени сме за соработка и доколку ги имате пишете.
sale says
IMAM 120M2 KUKA. KOJA JACINA NA KOTEL BURNIT WBS KE MI ODGOVARA ZA ZA ZAGREVANJE NA TAA POVRSINA? PLUS IMAM KOMBINIRAN BOJLER OD 100L.
Dario says
Почитувани,
За простор од 120 м2 од програмата на Бурнит би ви задоволил котел од 25 или 30 Kw, цените на котлите можете да ги погледате во производи на нашата Web страница.
Со Почит,
Термо Систем
Kirco says
Pochituvani imam stan od 69 kvadrati korisen stamben prostor, sakam da namestam parno greenje i me interesira koja jacina ke mi odgovora za kotel na peleti a koja na drva? Vi blagodaram
Dario says
Почитувани,
За Вашата квадратура неможеме во моментов да ви дадеме понуда за котел на дрва или пелет, единствена опција која може да ви ја понудиме е парно греење со електричен котел од 9 Kw и нормално плус радијатори спрема димензиите на собите и пропратни елементи за поврзување.
Со Почит,
Термо Систем
Kirco says
Za 70 kvadraten prostor kolku vkupno metri panelni radiatori od ovie na enrad ke bidat potrebni. Se raboti za stan vo zgrada so pvc stolarija i standardna visina od okolu 270 cm. Ili kolku kilovati e
Kirco says
Kolku kilovati e eden metar panelen radiator od enrad?