Кога се подготвувате да се туширате најпрвин ја прилагодувате водата до саканата температура неколку минути, па дури тогаш влегувате во кадата. За тоа време топлата вода безкорисно ја трошиме. Неретко се случува и при подесување на температурата да се имаме изгорено од топлата вода.
Повеќето од нас со проблеми од овој тип се соочуваат секојдневно. Токму поради тоа, денеска ќе претставиме еден многу едноставен, но многу корисен вентил, кој е идеално решение за проблемите од ваков тип.
R156 термостатскиот мешачки вентил се инсталира на домашните системи за санитарна вода, се со цел за да се добие заштеда на енергија, поголема удобност при користењето на топлата вода и отстранување на секакви ризици од изгорување поради големата температура на водата. Неговата намена е повеќенаменска и тој може да се поставува на домашните ѕидни бојлери, потоа на резервоарите или бојлерите наменети за акумулација на топлата вода со помош на соларните системи, и во системите за греење кои ја користат водата како преносител на топлина.
Инсталација на мешачкиот вентил во системите кои првенствено топлата вода ја добиваат од соларните панели има фундаментално значење. Во текот на летниот период кога надворешните температури го достигнуваат својот максимум, топлата вода во соларните системи може да достигне температура и над 120 сепени. Со термостатскиот мешачки вентил R156 од Giacomini се спречува безпотребно да се троши насобраната топла вода при евентуално разладување и се спречуваат изгореници од топлата вода. Само предходно се подесува саканата температура и од чешмата ни излегува вода со идеална температура.
За правилно да се инсталира вентилот, многу е битно, отворите да се поврзат точно. Едната страна односно конекцијата означена со “+“ мора да биде поврзана со топлата вода, додека пак спротивната страна, односно конекцијата означена со “-“, мора да е поврзана со ладната вода. Третиот излез на вентилот на кој пишува “MIX“, всушност е излезот на измешаната вода. Овој излез треба да се поврзе со санитарниот систем за вода. Термостатскиот мешачки вентил може да работи и да произведува топла вода во размер од 38-60 степени. За правилно да се подеси температурата на водата, на горниот дел од термостатскиот мешачки вентил се наоѓа црвено капаче на кое се наоѓаат бројки од 1 до 5. Секоја бројка се однесува на одредена температура и со подесувањето на капачето ние всушност ја подесуваме температурата на водата.
Овој навидум многу едноставен вентил има многу големо значење бидејќи придонесува за многу голема заштеда на топлата вода додека се разладува. Со ова се придонесува и за заштеда на електрична енергија, што во ова време кога струјата постепено поскапува е многу битно. За тоа каде се мешачкиот вентил наоѓа примена можеме да видиме од следниве слики.
Доколку имате дополнителни прашања за R156 мешачкиот термостатски вентил слободно пишете.
Dali mesackiot ventil moze da raboti na otvoren sistem na solaren kolektor
znaci
dali e potreben pritisok od dvete strani na ladna i topla voda za da moze da mesa
Почитувани,
Термостатскиот мешачки вентил мора да има притисок и од двете страни за да може да работи.
Поздрав
Термостатскиот мешачки вентил дали мора да има ист притисок на ладната и топлата вода за да може правилно да работи со оглед дека соларните колектори кој работат без притисок, односно врз принцип на гравитација имаат помал притисок од водоводната мрежа