МЕШАЧКИ ВЕНТИЛ за штедење на санитарна топла вода

Мешачки термостатски вентил GiacominiСекое семејство има потреба од топла санитарна вода за секојдневните потреби во домот. Добивањето на оваа топла вода значи дополнителен трошок на енергија која и тоа како се одразува на сметката за струја на крајот од секој месец. Во интерес на заштедување на веќе затоплената вода од Giacomini доаѓа мешачкиот термостатски вентил. Тој е производ со многу практична намена кој е изработен од квалитетен материјал со кој ќе имате загарантирана заштеда на затоплената вода од вашите бојлери.

Мешачкиот термостатски вентил на Giacomini се инсталира на домашните системи за санитарна вода, се со цел да се добие заштеда на топлата вода во бојлерите, а со самото тоа и заштеда на енергијата потрошена за водата да се затопли. Овој вентил овозможува поголема удобност при користењето на топлата вода и отстранување на секакви ризици од попарување поради големата температура на водата. Неговото функционирање е повеќенаменско и тој може да се поставува на домашните ѕидни бојлери, на резервоарите или бојлерите наменети за акумулација на топлата вода со помош на соларните системи, и во системите за греење кои ја користат водата како преносител на топлина.

Инсталација на мешачкиот вентил во системите кои првенствено топлата вода ја добиваат од соларните панели има фундаментално значење. Во текот на летниот период кога надворешните температури го достигнуваат својот максимум, топлата вода во соларните системи може да достигне температура и над 120 степени. Со термостатскиот мешачки вентил R156 од Giacomini се спречува беспотребното трошење на  насобраната топла вода при евентуално разладување и се спречуваат изгореници од претерано топлата вода, а во исто време ги штитат и апаратите кои би ги приклучиле како што се машина за перење, машина за садови итн.

поврзување на термостатскиот мешачкиот вентил

Мешачкиот вентил на Giacomini се поставува помегу доводот на ладна вода и доводот на топла вода од бојлерот и со помош на контролното тркало кое има 5 нивоа, се подесува идеалната температура на вода која сакаме да ја имаме при користење. Термостатскиот мешачки вентил може да работи и да меша топла вода во размер од 38-60 степени. Може да се каже дека идеалната температура е 40 степени која е најпогодна за речиси секое домаќимство.

НАМЕНА: Овој термостатски вентил може да се поставува на домашни ѕидни бојлери, на резервоари или бојлери наменети за складирање на топла вода со помош на соларните системи или во системите за греење како преносители на топлина.

Остави коментар

*