
Градежната експанзија што се случува во светот придонесувт за се поголема трка со времето што побрзо и поквалитетно да се изгради еден објект. Особено тешкотија се јавува при поставувањето на системите за водовод и греење. Не станува збор за тоа дека претходната инсталација не е квалитетна, туку дека одзема многу време при поставување и доколку во целокупниот план има некои измени целокупната постапка е многу обемна. За тоа мораше да се изнајде некое решение.
Поради тоа иновациите во системите за греење и водоснабдувањето веќе стануваат наше секојдневие, се со цел да се енергетски по ефикасни и да ни олеснат при поставувањето. За изведување на касетен водовод Giacomini со своите продукти е водечки произведител и неговите производи се надалеку познати. Тие пред неколку години излегоа со нова линија на производи, модули наменити за касетен водовод, кои наоѓаат примена и во системите за греење.
За да ни биде целокупнава слика по јасна и да знаеме за што зборуваме ќе објасниме малку по детално.
Во повеќето бањи, и системи за греење водата се пренесува преку пластични или метални цевки (во зависност од потребата) кои се монтирани на ѕидовите. Доколку утре имаме желба да додадеме уште некој елемент целокупната постапка при поставувањето и пуштањето во употреба ќе биде доста комлицирана.
Модулите се така дизајнирани што се вклупуваат еден со друг идеално, без притоа да се бараат некои големи промени во протокот или да се губи на притисокот. Тие не само што полесно се поставувааат и не одземаат време при истата постапка, туку и доколку треба да инсталираме уште некој елемент ќе треба само да додаме уште еден модул и да го поврземе со елементот или грејното тело.
Во системите за греење модулите наоѓаат широка примена. Со нивна помош можеме да ја контролираме температурата во собите по наша потреба.
Во зависност од нашата желба тие можат да се најдат во неколку модели и големини. Вообичаено за водоводот се користат обични модули со регулација, додека во системите за греење се користат модули со флуометар преку кој можеме да го следиме протокот на вода и модули со термостатска глава преку која ја контролираме температурата.
Модулите се идеални во системите за подното греење, со чија помош се контролира температурата во различни простории и доаѓа до изедначување на температурата со што не се јавува струење на воздухот. Воглавно нивната употреба е масовна во сие сфери поврзани со транпорт на вода, а особено во големите стамбени комплекси поради брзината при поставување.
За да ги доближиме модулите поблиску до крајните потрошувачи во некој од наредните постови ќе ги анализираме секој тип на модел подетално и кои се придобивките од нив.
Leave a Reply