Монтажа на Giacomini R470 термостатска глава (топка)

Во предходниот пост зборувавме за термостатска глава преку која можеме да ја регулираме собната температура како за заштеда на енергија, така и за постигнување на максимална удобност.

Монтажата на термостатската глава е многу едноставнa, и за да немате потреба од мајстор ние во 4 чекори сликовито ќе ви ја објасниме целата постапка.

1. Отворање на термостатска глава

Отворање на термостатска главаОтворете ја термостатската глава комплетно така да стрелката да е на позиција (сонце).

На самата глава (топка) има знакче во вид на сонце на кое ќе треба да се постави стрелката на главата.

Со ова е извршено неопходното подесување пред да се стави на вентилот.

2. Прицврстување на главата на вентилот

прицврстување на термостатска глава на вентилот

Откако ќе ја отворите како што е прикажано во претходниот чекор ќе можете да преминете на чекорот прицврсување.

Прицврстете ја термостатската глава на вентилот така што вдлабнатините што се наоѓаат на главата ќе се вклопат со иcпупчениод дел на вентилот на радијаторот.

3. Затворање на главата

Затворање на термостатска главаОткако ќе ја прицврстите термостатската глава на вентилот на радијаторот како што е наведено во претходниот чекор ќе треба да ја затворите истата.

Мора да внимавате кога ја затворате главата да ја затворите целосно така да стрелката биде поставена на позиција *(ѕвездичка).

 

4. Регулација на температура

Термостатска глава регулација на температураСега главата е прицврстена  за вентилот и може да постави на саканата позиција, и да започне  да ја регулира излезната толина на радијаторот.

Со ова научивме како да ја поставиме термостатската глава на радијаторот, а во следниот пост ќе прикажеме како да ја ограничуваме излезната топлинска енергија од радијаторот.

Остави коментар

*