На што треба да се внимава при монтажа на климатизерот во нашиот дом

Во повеќето случаи кога треба да се обврне внимание на изборот на местото каде е потребно да се монтира клима уредот, не се внимава доволно на некои битни работи кои понатаму ни создаваат дополнителни проблеми. За да во иднина не се соочуваме со проблеми поврзани со оваа проблематика, ние сега ќе напоменеме на што да се внимава при монтажа на климатизерот.

  • Да се овозможи одвод на кондензација од внарешната единица.
  • Клима уредот да не се монтира на места каде што постои можност од мешање на воздухот со запаливи гасови, или каде има испарувања на гасови.
  • Исто така треба особено да се внимава, клима уредот да не е директно изложен на сончевата светлина, или пак било кој друг извор на топлина.
  • Клима уредот да не се монтира блиску до лесно запаливи предмет како што се на пример завесите.
  • Да се внимава влезот и излезот на воздухот во клима уредот, да не се спречува од завесите, мебелот, ѕидот и.т.н.

Остави коментар

*