Најкомотното и најекономично решение за престојните студени денови, Burnit WBS Active

Режим на работа на Burnit WBS Active

Во изминатите неколку постови пишувавме за високо ефективни котли на цврсто гориво од програмата на Burnit. Токму поради тоа на наша адреса во изминатиов период пристигнаа многу прашања. Особено нашите читатели беа заинтересирани за делот околу контрола на работата на котелот Burnit WBS Active.

Работата на котелот како што веќе пишувавме во претходните постови, се контролира преку дигиталниот дисплеј кој се наоѓа на горниот дел од предната страна. Овој новитет кој во последниот период започна да се применува, односно да се поставуваат дигитални дисплеји на котли зацврсто гориво, многу ја олеснува работата околу котелот. Многу луѓе, меѓу кои сум и јас, кога за првпат ќе се сретнат со дисплејот, не знаат на кој начин функционира и што се контролира.

Дисплејот функционира на начин, со тоа што ја покажува температурата на течноста  (одржување на стабилно ниво) во котелот и ја одржува константно, без потреба на дополнително внимание. Со овој контролер, може да се заштеди до 13 % на огревниот материјал и се обезбедува постојана температура на водата и подолг животен век на котелот. Контролата на температурата на чадот обезбедува пониска емисија, прашина и гасови. Топлината на гасот (димот) се искористува максимално за загревање внатре во котелот пред да излезе надвор преку оџакот. За да се искористува чадот максимално, задолжени се трите прегради (промаи) кои се наоѓаат во котелот, преку кои тој се задржува во котелот подолго време.

Дигитален дисплеј

Преку контролерот уште можеме да  контрилираме две пумпи, од кои едната  пумпа се користи во системот за греење, а другата се користи во системот за санитарна топла која се користи во домаќинството. Тоа се врши на тој начин што ја задаваме саканата  температура преку дисплејот која сакаме да биде за одредената пумпа и кога температурата во котелот ќе се постигне, пумпите автоматски ќе се вклучат и ќе ја туркаат водата. Пумпите автоматски ќе се исклучат одкако температурата ќе падне под сетираното ниво ( минус 2 степени целзиусови ) за да не се ладат грејните тела или водата во бојлерот.

Со помош на дигиталниот дисплеј е овозможено да се избере брзината на вртење на вентилаторот. Опсегот на работата на вентилаорот е помеѓу 1 и 10. Колку е поголема брзината, толку побрзо ќе работи вентилаторот, каде што 1 е првата брзина а 10 е максималната брзина. Промената на брзините се подесува со копчињата ПЛУС и МИНУС. Вентилаторот секогаш започнува да врти со максималната брзина што му овозможува да започне да работи дури и кога моторот е опфатен со прашина или други примеси кои би можеле да го попречуваат во работата.

Ова се само дел од опциите кои ги нуди дигиталниот контролер на Burnit WBS Active котелот на цврсто гориво. Во иднина ќе пишуваме пак за останатите придобивки, кои се доколку го имате овој котел, зошто навистина ги има многу. Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

Comments

  1. kolkava jacina ima od ovie kotli, cie proizvodstvo se i cenata na istite

  2. dali moze da dobijam tehnicki karakteristiki na ovie kotli, tezina, litri voda vo kotelot, tezina i dali dokolku se osteti ventilatorot kotelot raboti i ponatamu kako i serviser po potreba. jas bi greel okolu 140 kvadrati, 400 kubni metri i sto bi mi preporacale. jas momentalno razmisluvam za kotel marka Bosch. Koj e podobar?

  3. Zdravo,
    imam kukja od 250 m2 vo koja e instalirano podno greenje i vo celiot sistem ima nekade okolu 650-700 litri voda.Koj kotel najmnogu bi mi odgovaral?

    • Почитувани,

      За вашата квадратура најмногу би одговарал Burnit WBS Active 50 Kw котел, или доколку имате големина на оџак од ф200 и висина од 11 метри најекономично решение би ви бил котел Bosch 45 Kw. Двата типа на котли можете да ги погледате во производи на нашата веб страница, каде има поставено и цени за истите производи.

      Со Почит,
      Термо Систем

  4. Zdr zainteresiran sum za kotel go gledam burnt active od 70 kw vkupno imam postaveno 30 M radiatori dali bi mi bill dovolno 70 kw ili pogolem I dali od kaj vas moze da se kupi na rati I Kako blagodaram

    • Почитувани,

      Котелот од програмата на Burnit 70 Kw WBS Active ќе ви биде сосема доволен за Вашата квадратура, инаку за плаќање на рати имаме склучено договор со Капитал банка па можете слободно да се информирате кај нив за сите услови околу плаќањето.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*