Обновлива суровина за греење на вашиот дом, хит во Европа

pellets_1Примената на пелететите како гориво, започнува некаде во 1993 година, па од тогаш па се до ден денес се усовршува и наоѓа на одлична широка примена. Многу од корисниците на други енергенси, како што се на пример нафта, дрва, јаглен итн се префрлаат на пелет, како моментално е најефтиниот енергенс мерено по добиена енергија/цена на чинење во цела Европа. Пелетите се обновлив извор на енергија и при нивното согорување не ја загадуваат околината.
Пелетите се огревно гориво, произведено од компресирана биомаса. Дрвените пелети се најчесто користените. Во нивниот состав најчесто се наоѓаат остатоци од дрвено производство, остатоци од струготини, цели остатоци од дрво итн.

Нивната структура е исклучително густа, тврдо пресувана, додека пак влажноста може и да биде под 10%, овозможувајќи висока калорична моќ и зголемена ефикасност при согорување.

Денешните камини и котли на пелети поседуваат карактеристики кои ги прават неверојатно лесни и едноставни за употреба. Нивното целосно автоматизирано работење и високиот степен на полезно дејство ги прават најконкурентен уред на пазарот. Се што треба да направи корисникот е да ја подеси собната температура и потоа каминот самостојно се регулира. Чистењето е брзо и едноставно и се прави еднаш на 2-3 дена.

Сетот за пелет може да се надгради на трајножаречки котел, со додавање на врата за горилник, горилник со полжав и резервоар за пелет.

Процес на производство на пелет

Остатоците од дрвен материјал се ставаат во специјализирана мелница, каде што се меле и меша целата смеса, се до моментот додека не се добие хомогена маса. Добиената маса поминува низ машина која што ги компресира во облик на мали цилиндри (од 6мм и 9мм или поголеми), каде што дополнително не се додава и лепак или пак други примеси, туку сврзната компонента лигнин доаѓа од структурата на самото дрво. Се пресуваат по голем притисок, кој подоцна се изразува со голема калориска моќност.при самото согорување, повеќе од 85%.

Употреба на пелет во Европа!

Користењето на пелет во Европа, варира поради различните владини политики. Во Холандија, Белгија и Велика Британија, пелети се користат главно во големи централи. Во Данска и Шведска, пелети се користат во електрани, средни системи за греење, од мал обем и станбени објекти. Во Германија, Австрија (Речиси 2/3 од населението се грее на сопствено парно, каде што пелетот е главна суровина), Италија и Франција, пелети се користат претежно за малите станбени и индустриски објекти.

Пелет vs Нафта! 500 литри нафта за моќаинство = 1 тон пелет

Пелет vs Дрва! 4м3 огревнодрво = 1 тон пелет.

Пелет vs Електрична енергија!  4,5 MWh електрична енергија = 1 тон пелети.

Остави коментар

*