Одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани за клима уреди со инвертер технологија

Клима уред ИнвертерСите луѓе сакаат да знаат повеќе кога поставуваат нешто ново во своите домови, така што се поставуваат голем број на прашања кои се интересни и секој сака да добие соодветен одговор. Во овој пост ќе се потрудиме да одговориме некои од најбитните прашања поврзани за клима уреди и начинот на нивно функционирање при остварување на посакуваната темепература во домовите.

Што е тоа инвертер технологија и кога да ја одберете?

Клима уред инвертер има регулација на бројот на вртежи на компресорот со што се постигнува максимална сила и низок степен на потрошувачка (на пр. клима уред со 3,5 Kw има распон од 0,7 до 6,5 Kw). Со ова саканата климатизација во просторијата се постигнува многу брзо, температурните флуктуации во просторот се +/- 0,5 °C во однос на зададената температура, а со тоа се постигнува заштеда во потрошувачката на електрична енергија од околу 20-40 % во однос на користење на обичен клима уред. Инвертер клима уредот е поскап за 20-30 % во однос на обичните клима уреди, меѓутоа според пресметките на сметките за потрошувачка на електрична енергија ќе биде исплатлив многу повеќе во однос на обичните клима уреди. Инвестицијата која е вложена на почетокот ќе биде вратена за само 6 години ако климата ја користите само по 2 месеци во текот на годината, а доколку се користи преку целата година инвестицијата се враќа речиси истата година.

Како да се решиме од чудните мириси кои ги испуштаат клима уредите?

Мирисот кој излегува од клима уредите најчесто е последица на собирањето нечистотии и бактерии, а од нив се ослободуваме со најмалку еднаш годишно сервисирање на клима уредот. Друга опција е чистење на внатрешната единица со помош на средство за дезинфекција кое ги отстранува непријатните мириси.

Што да направите ако протече внатрешната единица?

Пред да го повикате вашиот овластен сервисер, може самите да погледнете кај одводот на кондензаторот да не е случајно затнат, или доколку протекувањето се јавува кај садот (канистер, ПВЦ шише итн.) да се провери да не е полн до максимум. Во тој случај треба да се испразни садот и доколку и понатаму се јавува протекување, може да го повикате вашиот сервисер.

На која висина е најдобро да ја поставите ѕидната внатрешна единица од клима уредот?

Внатрешната единица од клима уредот по правило треба да има најмалку 5 cm слободен простор помеѓу таванот и внатрешната единица.

Кој клима уред ќе одговара за определена квадратура на простор?

Клима уредите ги има во различна големина, почнувајќи од 1,5 Kw па нагоре. Овде се јавува прашањето која јачина на клима уред ќе одговара за вашиот простор кој сакате да го климатизирате. За ова постојат некои начини кои може приближно да дадат информација колкава јачина на клима уред ќе одговара, не земајќи ја во предвид изолацијата.

На пример доколку сакате да загреете простор од од 20 м2 и дополнителна соба од 12 м2, вкупната квадратура на просторот ја делиме со зададениот пресметан коефициент 10 и добиваме вредност од 3,2 Kw. Оваа вредност која ја добивме се однесува на затворен простор во кој нема голема раздвиженост. За оние простории каде често се отвара и затвара влезната врата, во пресметката се додава 10-30% дополнителна вредност на потрошувачката (пр. 3,2 + 30 % = 4,16 Kw).

Колку електрична енергија троши клима уредот?

Моќноста на клима уредот го делите со коефициентот на искористеност, за греење COP (coefficient of performance), а за ладење EER (energy efficiency ratio).
Колакава е потрошувачката на  Daikin Inverter 3.5 Kw со коефициент EER 3.24?
Моќност = 3,5 Kw
Потрошувачка = 3,5/3,24 = 1,08 Kwh
Клима уредите кои имаат подобар коефициент на искористеност имаат и повисока цена.

Се надеваме дека со овој пост успеавме да одговориме добар дел од прашањата кои ве интересираат во врска со клима уредите.

Comments

  1. marjan vasilev says:

    so golema pocit do vas i vasata firma, me interesira za klima ured invetor12 [ 3.5 kw] imam prostorija od priblizno do 45 kvadratmi metri i dali ke me zadovoli po vasa presmetka ako sakate da mi odgovorite na praseneto ili ke imam potreba da kupam so pogolem kapacitet na klima se opredeliv za vasata marka. Оdnapred vi blagodaram.

Остави коментар

*