Грејната сезона започна, дали сте доволно спремни за да ја поминете оваа зима комфорно? Поголемиот дел од луѓето веќе немаат проблем околу тоа прашање, меѓутоа има и такви коишто сеуште не донеле одлука кој ќе биде нивниот конечен избор. Поради зголемениот интерес и зачестените прашања кои доаѓаат од страна на нашите читатели, добивме причина плус за подетално и поопширно да ве информираме околу електричните греалки (панелки) Bosch и да се обидеме да ви дадеме одговор на сите ваши прашања.
Како што кажавме и во претходниот пост, греалките BOSCH ги има со различна моќност односно од 500W до 2500W, така да во зависност од вашите потреби ја одбирате моќноста на греалката. Греалката се вклучува преку ON / OFF прекинувачот, има термостат преку кој се подесува саканата температура, и кога греалката ке ја постигне саканата температура, понатаму само ја одржува. Се монтираат на ѕид така што не зафаќаат простор во собата, имаат модерен, привлечен дизајн кој што одлично може да се совпадне со ентериерот во просторијата. Особено корисни за стан или куќа со помали простории, каде што нема потреба од инсталација на котел на дрва или нешто слично.
Предноста кај овие греалки е тоа што имаат вградено алуминиумски греач кој го спречува сушењето на воздухот во просторијата и кога е во функција го нема она познато чувство на прашина што е голем проблем кај повеќето греалки. Што значи доколку би се одлучиле за ваков тип на грејно тело во вашиот дом, Bosch греалката ќе ви овозможи комфор и топол дом без да се задушувате во просторијата, затоа што во неа нема вградено вентилатор и со него да создава прашина, како што е случај кај останатите. Во однос на затоплување на просторот во собата, на германски градби е испитано 100 W на квадрат, тоа се градби со стиропор изолација од 15 цм, прозори со висок квалитет, со дополнителна изолација помеѓу ѕидовите, што топлината од внатрешноста има минимална загуба. Меѓутоа за да не погрешиме, математика која што во пракса е покажана како доста точна кај нас, ние препорачуваме 140 – 150 W на квадрат, во зависност од изолацијата и подготвеноста на објектот кој треба да се загрее ( Пр: една греалка од 2.5 kw, би задоволила простор од 20 квадрати, 2 kw греалка 15 и.т.н.)
Доколку имате дополнителнителни прашања во врска со темава, слободно пишете.
saso says
kade moze da se kupi panelna grealka od bosch?
Dario says
Почитувани,
Панелна греалка од Bosch можете да купите во нашите простории, кои се наоѓаат во Карпош 4 на улица Никола Парапунов бр.1/1-13, кај трите кули пред мостот Обединети нации.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем