Подно греење е еден од најкористените и најекономичните начини за загревање на вашиот дом. Од друга страна подно греење спаѓа во групата на едно од најенергетски ефикасно греење. Може да се користи речиси насекаде во домот , благодарение на новата технологија и добриот дизајн.
Постојат два вида на подно греење:
- подно греење на база на вода и
- електрично подно греење .
За подното греење на база на вода се користи специјално црево наменето за подно греење, додека пак кај електричното подно греење се користат специјални електрични кабли. Доколку сте планирале изградба на нов дом, или пак живеете во веќе изграден дом, подното греење може да се користи за загревање на простории кои имаат бетонска плоча под нив. Ова е веќе популарен начин на греење и затоа се повеќе луѓе почнуваат да размислуваат за негово инсталирање во своите домови.
Од двата различни вида на изведба на подно греење, кое ќе го одберете ќе зависи од вас.
Првиот тип на подно греење е со вода и е еден од најпопуларните системи во светот. Овој систем работи со цевки кои се наменети за подно греење и кои се поставени под подот. Низ тие цевки тече вода која е загреана и притоа ја оддава топлината кон подот. Водата се загрева со одреден извор на енергија која е на располагање, дали природен гас, котел на нафта, топлинска пумпа или електрична енергија.
Вториот тип е електричено подно греење кое е дизајнирано да се загрее на ист начин, само разликата е во тоа што овој систем работи на електрична енергија наместо цевки со топла вода. Електричното подно греење, исто така, се смета за еколошки начин за греење на просторот, и се троши помалку енергија во споредба со конвенционалните системи за греење.
За да се инсталира едно подно греење потребно е просторијата соодветно да биде изолирана. Изолацијата на подот во вашиот дом ќе придонесе за полесно и поефикасно загревање на самата просторија која се грее. Изолацијата на подот е особено важна ако просторијата што сакате да ја загреете со подно греење се наоѓа над просторија која не е загреана. Просторијата над незагреаниот на пример подрум може да има многу загуби на топлина од подот и затоа е неминовна добра изолација.
Подното греење на база на вода или електричното подно греење заедно со изолацијата за подно греење допринесуваат да се многу ефикасни, економски и еколошки во однос на другите греења.
Системите за подно греење не се дизајнирани за брза промена на температурата во просторијата. Подното греење е инертно греење, потребно е време за да се пренесе топлината на водата кон подот а од таму во просторот. Исто така подното греење не е наменето за простории во кои на подот има килим или теписон, бидејки топлината што е потребна потешко ќе се пренесе. Подните облоги претставуваат еден вид изолација на подот.
Се препорачува подот да биде од керамички, мермерни или гранитни плочи. На пример, во случај да имаме паркет на подот, поради својата дебелина потребно е да се инсталираат погусто цревата за подно греење за да се постигне бараната температура.
Цревата наменети за подно греење се изработени од полетилен и ги уште ги нарекуваме како пех црева. Најсовремените црева имаат и дополнителна заштита на површината наречена антиоксигенска бариера. Таа бариера го спречува воздухот да преку микропукнатините на цревото влегува во него и во допир со водата да формира алги во внатрешноста на цревото. Со зголемување на таквите алги се намалува протокот на водата, со што се губи и од квалитетот на греењето. Постојат и адитиви кои се поставуваат внатре во цревата за да се спречи оваа појава на формирање на алги.
Некои од поважните карактеристики на цревата согласно својата намена се коефициентот на пренос на енергијата и линеарното издолжување. Тоа значи енергијата што треба да ја пренесе пех цревото на подот и издолжувањето, собирањето на цревото во условите на греењето, се во дозволените пропишани рамки и стандарди. По тоа и се разликуваат од другите црева.
Системите за подно греење често се користат не само заради своите моќни и едноставни својства на греење, но, исто така, и бидејќи ја елиминираат потребата од грејни тела. Подно греење е исто така најдобар во креирање на рамномерна топлина низ целата просторија односно нема ладни места во самата просторијата. Топлината се движи од подот кон плафонот односно од нозете кон главата и тоа допринесува да се чувствуваме потопло.
Ljube says
Cena za postavuvanje na podno greenje za 30m2