Потребна енергија за подното греење

Излезна енергија за подно греењеИзлезната енергија е важна единица мерка за секој систем за греење. Од неа директно зависи и вашата потрошувачка на влезната енергија без разлика дали станува збор за електрична енергија или пак некој друг извор на енергија кој се користи за трансформација во топлинска енергија.

Основите за пресметка на оваа излезна енергија, дизајнот и инсталацијата на системите за подно греење произлегуваат согласно Европските норми, UNI EN 1264 (Giacomini е италијански производител и затоа се следи европската регулатива) кои се поделени на 4 делови.

UNI EN 1264-3 ги определува границите на температурата на подната површина. Овие граници се базирани на физиолошката безбедност на човечките суштества и се 29°C за простории за живеење, 35°C за периферните подрачја и 33°C за бањи (ΔT=9 K).

Согласно на овие температури постојат криви на гранични карактеристики за примена која ја зема во предвид средната температурна разлика помеѓу воздухот и водата за топлинската емисија на подот, врз основа на Rλ,B  термичка отпорност на подот.

UNI EN 1264-2 обезбедува водич за пресметка на излезната енергија на подното греење, односно

q = 8,92 x (θf,m - θi)^1.1
каде што
  • q е протокот на топлината [W/m2 ]
  • θf,m е средна температура на подната површина [°C]
  • θi е номинална собна температура [°C]

Така доколку ги разгледаме различните примени на подното греење кои ги споменавме погоре ќе имаме:

  • Просторија за живеење: θf,m = 29°C , θi = 20°C → q = 100 W/m2
  • Периферни простории: θf,m = 35°C , θi = 20°C → q ≈ 175 W/m2
  • Бањи: θf,m = 33°C , θi = 24°C → q = 100 W/m2

Во системот на подно греење се добива топлина од 100 W/m2, додека во радијаторското греење се добива најмалку 120 W/m2, за да се постигне истиот ефект за греење.

Од тука и произлегува економичноста на подното греење од 20 до 30 %.

Comments

  1. Kolu metri creti crevo e potrebno da se instalira za potrebnite 100 W/m2 ?.

    • За да се добие 100 W/m2 препорачано е да се инсталира цревото за подно греење на растојание од 15 cm помеѓу потисниот и повратниот вод и во тој случај ќе ни биде потребно околу 7 должни метра во еден m2.

Остави коментар

*