Во позадината на секое поскапување на енергенсите, новите градежни норми и заштита на средината, доаѓаме до ситуација да прашањето за избор на квалитетен и штедлив начин на греење, станува суштинско прашање. Доколку го земеме во предвид потрошеното количество на енергија, како и ослободувањето на CO2 во воздухот, топлинските пумпи како најсигурен извор на греење, далеку помалку ја оптеретуваат и и нанесуваат штета на околината.
Со оглед на тоа што залихата на горивата е ограничена, нивната цена во голема мера зависи и од развојот на индустријализацијата на некои земји. И покрај тоа што сме свесни дека цената на овие горива во иднина ќе расте, со користење на топлинските пумпи, ние сме помалку зависни од ваквите проблеми.
Можеме да нaведеме некои предности кои ги карактеризираат топлинските пумпи, а тоа се следниве:
* Најдобра сезонска ефикасност и голема заштеда на трошоци
* Одлична прилагодливост во нови објекти, како и во ниско енергетски куќи
* Интегриран систем на греењето и топла вода, факт кој штеди на време и простор за инсталација
* Содржи контролна табла која е лесна за користење.
Во периодот на екстремно ниски температури, под кои мора уредот да работи, овој уред располага со специјални карактеристики на системот како што се следниве:
* врелиот гас поминува низ долната плоча, за да може да ја одржува позитивната температура и сите одводни отвори се отворени за да се постигне адекватна дренажа
* цевката која поминува низ долниот дел на спиралите, постигнува повисока температура благодарение на разладниот флуид.
* задната страна на единицата нема метални решетки, што спречува создавање на лед на истите
* во истиот има вграден резервен греач, 2 сигурносни вентили за влезот и излезот на водата.
* сите делови се однапред склопени и лесни за одржување.
Во период кога размислуваме да инвестираме во уред кој на долгорочно ниво ќе ја задоволи нашата потреба, топлинската пумпа Daikin Altherma секако ги оправдува како нашите очекувања, така и вложените средства.
Cale says
Pocituvani,prvenstveno sakam da ve pozdravam i da vi se zablagodaram za navremenoto informiranje povrzano so site novosti povrzani so vaseto rabotenje.Voedno ja koristam ovaa prilika da pobaram odgovor na nekolku prasanja.Zainteresiran sum za toplinska pumpa Daikin Altherma.Ako moze da mi kazete koi se tehnickite karakteristiki na istata(mocnost,povrsina na greenje…),cena,montaza….A voedno me interesira dali istata moze da posluzi za podno greenje?
Dario says
Почитувани,
Ви благодариме на убавите зборови. Вашиот одговор ќе го добиете по меил.
Со Почит,
Термо систем
Ljupco says
Zainteresiran sum za toplinska pumpa Daikin Altherma.Ako moze da mi kazete koi se tehnickite karakteristiki na istata(mocnost,povrsina na greenje…),cena,montaza….A voedno me interesira dali istata moze da posluzi za podno greenje?
Dario says
Почитувани,
Вашиот одговор ќе го добиете по меил.
Со Почит,
Термо Систем