Најбитниот енергетски ресурс на планетата Земја е сонцето, и целокупниот жив свет постои и зависи од сончевата енергија. Во исто време, тоа е најеколошката форма на енергија која може да се користи на многу начини, во различни географски и социјални опкружувања.
Токму поради сончевите карактеристики и достапноста на сончевата топлина, соларните системи наменети за добивање на топла вода, завземаат се поголемо место во нашето опкружување.
Релативно многу малку луѓе се запознаени со карактерот на соларните системи, односно како тие функционираат, како да ги искористиме најмногу придобивките од соларните системи, правилно да ги поставиме, поврземе и.т.н.
Бидејќи прашањата поврзани со соларните системи, интензивно доаѓаа во изминатиов период, ние имавме можност да ги согледаме најчестите проблеми со кои се соочуваат корисниците на истите. Токму поради тоа ние се одлучивме да направиме прирачник за сончевите системи кој на нашите читатели ќе им биде од голема помош.
Во прирачникот се зборува општо за соларните системи, односно се зборува за нивната главна намена и како функционираат. Потоа се зборува за предусловите, односно кои се тие за да би можеле во нашиот дом да инсталираме соларен систем наменет за добивање на санитарна топла вода.
Соларните системи се составени од повеќе елементи кои што еден без друг не можат, односно системот не би работел правилно или воопшто не би работел. Во прирачникот ќе зборуваме од кои елементи е составен соларниот систем, и која е нивната функција во системот
Подетално ќе зборуваме за разликите помеѓу колекторите наменети за добивање на санитара топла вода, кои се поефективни и преку кои би добиле побрз повраток на инвестицијата.
Од прирачникот може да се научи како правилно да се инсталираат соларните системи, под кој агол да се постават и кој агол би најмногу одговарал за нашето климатско подрачје. Ќе се научи и за поврзување на соларните системи, со каков фитинг односно која е правилната димензија на фитингот и цевките за правилно поврзување на соларните колектори како би можело да се добијат саканите резултати и како да ги намалиме загубите на цевната мрежа и бојлерот.
Од своето поставување, па се до крајот на својот животен век, соларните системи во глобала бараат многу малку внимание да им посветувате. Но во некои случаи и тоа е потребно. Во прирачникот ги имаме објаснето основните работи до кои да се придржувате како би го зголемиле живониот век на соларните системи.
Кратко кажано прирачникот ги има опфатено основните работоти за соларните системи и доколку го прочитате ќе знаете каков тип на соларен систем би ги задоволил вашите потреби, како да го монтирате и одржувате. Доколку се регистрирате на нашата страна, со вашата e – mail адреса, ќе го добиете прирачникот и тоа бесплатно.
За сите нејаснотии или додатни прашања кои ги немаме опфатено во прирачникот се разбира дека ви стоиме на располагање и сме отворени за понатамошна соработка.
FLORA says
od procitanoto i videnoto nemam komentari nesto naj naj vo ovie ludi vreminja no kako sto e situacijata barem da se ovozmozi isplakanje na rati……pozdrav
Dario says
Почитувани,
Ви благодариме на искрениот коментар, ваков прирачник ние објавуваме за прв пат па затоа сите критики се добредојдени. Инаку овозможено е плаќање на рати во соработка со Capital Bank, со рок на оптплата до 24 рати.
Поздрав.
Alex says
kako da go najdam/ simnam Прирачник за соларни системи???
Dario says
Почитувани,
Со регистрација на нашата веб страна, бесплатно го добивате прирачникот за соларните системи.
Поздрав