Description
-
Рамен колектор x 2
Прв и најбитен елемент е соларниот рамен колектор. Колекторот го поставуваме на позиција од каде најголемиот дел од денот ќе може да апсорбира сончева светлина.
-
Соларен бојлер од 200л или 300л, 8 бари
Соларниот бојлер може да биде со различна големина во зависност од потрошувачката на вода во различни животни средини. Телото се состои од челичен бојлер, заштитен со специјална превлака од стакло и керамика. Изолација на бојлерите е изградена од еколошки материјал, односно од полиетиленска пена со голема густина, која е заслужна за големата ефикасност на бојлерот.Бојлерите во овој наш систем се со два изменувачи (змии), кои се погодни покрај приклучувањето на солар, да можат да ги поврзат со домашното централно греење.
-
Соларната циркулациона група
Срцето на секој соларен сет од затворен тип е соларната пумпа која го врти флуидот во системот од соларниот колектор до бојлерот и назад.
-
Автоматика за солар
Диригентот во соларниот систем е автоматиката за контролирање која ја командува пумпата кога да се вклучува, а кога да престане со работа. За да може да дава вакви информации автоматиката има сонди со кои ги прибира информациите за топлината од колекторот и топлината од бојлерот.
-
Експанзионен сад
Заради регулација на притисокот во системот секој соларен систем мора да има експанзионен сад од 18 литри
-
Соларното автоматско лонче
Последен елемент без кој не може ниту еден соларен систем од затворен тип е соларното лонче за автоматско обезвоздушување, кое му помага на системот да се ослободи од вишокот на гасови кои се создаваат од секојдневната работа на системот под притисок, како и испарувањето на флуидот кој постојано циркулира низ системот.
- Прибор за приклучување x 2
- Сет за монтирање на колектор
- Држачи за кров
- Антифриз 10 литри, 45 % x 2
Reviews
There are no reviews yet.