Description
Со цел задоволување на сечија потреба на купувачите топлинската пумпа има четири под типови. Tие се: Моноблоk Daikin Altherma на ниска температура, Сплит – систем Daikin Altherma на висока темепература, Daikin Altherma Flex тип и Хибридна топлинска пумпа Daikin Altherma.
Карактеристиките на НАДВОРЕШНАТА ЕДИНИЦА се:
- Компактност и отпорност на климатски услови (антикорозивен третман, отпорност на дожд и корозија)
- Едноставност во монтирањето (не бара бушење и копање)
- Содржи инвертерски контролиран компресор, кој овозможува енергетска ефикасност и прецизна терморегулација
- Голем работен опсег на топлинска пумпа (греење и топла вода до темп. од -25 степени)
- Коефициентот на учинок COP на Daikin Altherma е многу висок, што се објаснува со тоа дека системот ретко функционира под полна пареа, а клиентот ја плаќа само онаа енергија која реално му е потребна
- Може да се комбинира со подно греење конвектори на топлински пумпи и радијатори
Компактна парапетна единица, топлинска пумпа содржи повеќе елементи. Тие се експанзионен резервоар (сад), командна табла, цевка за гас, цевка за течност, циркулациона група и резервен греач. Овие резервоари ги задоволуваат сите потреби на клиентите, за топла вода и за соларна енергија. Двете единици може да бидат поставени една врз друга или пак една до друга.
Карактеристиките на ВНАТРЕШНАТА ЕДИНИЦА и РЕЗЕРВОАРОТ на Daikin Altherma
- Внатрешната единица на Daikin Altherma автоматски може да регулира две различни температурни зони
- Материјалот од кој е направен резервоарот е нерѓосувачки и го има и во емајлирана форма
- Има квалитетна изолација која не дозволува голем губиток на енергија (дебелина на изолационен материјал од 40мм и 50мм)
- Има капацитет од 200-260 литри и 150-200-300 литри, на одредени интервали може да ја загрева водата до 60 степени, а крева температура од 10 до 50 степени за само 6оминути
- Содржи 2 греачи, еден изменувач на топлинска енергија во долниот дел каде циркулира топла вода и додатен изменувач од 3 kW на горниот дел
Reviews
There are no reviews yet.