Description
Во продолжение ви набројуваме дел од вентилите од програмата на Giacomini
Мешачкиот термостатски вентил на Giacomini
Се инсталира на домашните системи за санитарна вода. Со цел да се добие заштеда на топлата вода во бојлерите. Со самото тоа и заштеда на енергијата потрошена за водата да се затопли. Овој вентил овозможува поголема удобност при користењето на топлата вода и отстранување на секакви ризици од попарување поради големата температура на водата. Тој има повеќенаменска функција, може да се поставува на домашните ѕидни бојлери, на резервоарите или бојлерите наменети за акумулација на топлата вода со помош на соларните системи, и во системите за греење кои ја користат водата како преносител на топлина.
Сигурносен вентил од програмата на Giacomini се користи за да се избегне зголемениот притисокот во системот на греење и системите за санитарна вода. Овие сигурносни вентили за безбедност се користат во системите за топла вода. За да се осигура дека притисокот на течноста не ги надминува дефинираните
граници.
Улогата на Автоматскиот воздушен вентил е да ги испушта гасовите (воздух, кислород, водород). Кои настанале во текот на работата на еден радијатор. Кои што можат да предизвикаат дефект на системот, звуци од радијаторот, воздушни џебови кои што го лимитирааат греењето, или пак едноставно корозија и распад на компонентите.
Вентилот за регулација на притисок е автоматски вентил. Кој го редуцира и стабилизира притисокот на флуидот во дистрибуцијата на вода, согласно потребите во системот. Своја примена наоѓа во компресирани воздушни системи, санитарни инсталации, итн, речиси секаде каде што е потребно намалување на притисокот.
Автоматски вентил за полнење се поставува во затворен систем и го регулира притисокот. Во исто време е поврзан и со системот за греење и овозможува автоматско полнење со вода. Особено важно е вентилот да се постави во првата фаза при стартување на системот. Во овој случај оставајќи го вентилот отворен, тој ќе го снабдува системот малку по малку со вода, се додека целиот воздух не се исфрли.
Reviews
There are no reviews yet.