Термостатски мешачки вентил за санитарни системи R156 Giacomini

Термостатскиот мешачки вентил за санитарни системи се поставува на линијата од бојлерот кон потрошувачите. Се користи за штедење на топлата вода од бојлерот, на тој начин што може да се ограничи температурата на излезната вода. Се поврзува според означените насоки на телото на вентилот. Линијата за топла вода се поврзува со влезот означен со ''+'' , а на ознаката со "-" се поврзува ладната вода. Третиот отвор означен со MIX е мешавина со која се снабдува системот, односно кон потрошувачите. На неговото тело има означено броеви кои што одговараат на одредна температура. Со избор на одреден број вентилот ни ја обезбедува и саканата температура.

Големини : 3/4'' и 1''

Производ на GIACOMINI - Италија

Технички карактеристики : Максимален работен притисок : 16 bar Максимална работна температура : 100 °C

Additional Details

Опции за производот

Цена: from MKD2,200.00

Loading Updating cart...