Диференцијален термостат SR208C
Прилагодувањето, контролата и мониторингот на целиот систем има фундаментално значење во еден соларен систем и неговото ефикасно и ефективно искористување. За да започне еден соларен систем со работа мора да има дигитален соларен контролер, бидејќи со негова помош се стартува целокупната работа на системот. Составен дел од соларниот контролер се три сонди. Едната сонда се врзува на соларниот колектор, додека другите две се врзуваат на горната и долната точка на бојлерот. Со помош на сондите дигиталниот контролер ги добива потребните информации и ги обработува податоците, за подоцна според нив дава команда за работа на пумпата.
Контролерот со опциите кои ги поседува го заштитува системот од прегревање, истиот по претходно добиените податоци ја контролира работата на пумпата преку која може да се лади или загрева системот.
Reviews
There are no reviews yet.